Кај нас бабу лове зелените има само до 3 број? 4ка и 5 се само гакички или јас не сум сретнала бар у центар тие дм не сум видела?
Прочитав мн позитивни коментари за baby love, но ме интересира конкретно ваше искуство за новороденче дали се ок и кој број е соодветен. Ептен се мислам помеѓу Памперс и Baby love, ама читам мн штетни состојки имале памперсот
Бејби лов имаат многу убав дизајн, имаат и 0 бројче таман за многу мало новороденче, ама нас ни пропуштија каки, пишував баш, не од страните, туку на основниот дел под газето.Сепак си се вратив на памперс, знаат мочкано да пуштат, ама кај машково бебе, него што и да му ставам лом се прави, кај женсково не ми прават никаков проблем. Можам само да кажам искуство за најлоши пелени, а тоа се sleepy од Зегин. Тука се изначитав фалби за нив, во аптека ги испофалија и ај земав, ама како и се останато што форсираат во Зегин, катастрофа се, изгужвани, куси, со некој чуден мирис и од секаде пропуштаат. Лично, памперс премиум користиме за женсково, а памперс актив за машково и засега се ок, не сјајно, ама не се вцрвени, не ги стегаат ластиците. Не сум читала за штетни состојки искрено, колку помалку знам, толку помирна глава, за секој попознат бренд се пишуваат такви работи и не секогаш се за верување.
Според мене бејбилов се поубави. Јас имав купено бејбилов 1, а добив 1 памперс премиум и бејбилоб се за нијанса помали, а многу помеки. Мене памперс премиум искрено многу неубаво ми мирисаат самите пелени.
Мене поубави ми се babylove. За новороденче ти треба 1. Постои и xs бројче од нив но тие се за прематурчиња или бебиња со помала родилна тежина.
Can bebe на 12кг ќе одговара 5ка или 6ка? Пишува дека 6ка се од 15кг. Виолета користи 5ка, Хелоу од кипер 6ка, а Слипи гаќичките 6ка му се мали.
Дали ви се случило во новото пакување Виолета airdry да има од старите памерси doublecare? Мене ми се “паднаа” такви.
Од таму ги земав претходно сега некои розеви донеле и се мн помали,во зегин ми рекоа нема да добиваат веќе...
Јас користам памперс актив бејби 1 4300 е и таман ни се потоа сакам да ги пробам бејбилав дали се исти во големина со памперсот бројчињата? И некоја ако купувала да знае цени колку се 2ката мало и џамбото?
Babylove немаат џамбо пакување, само мали. Мислам дека се околу 500 ден. со новите цени, но не сум сигурна. Со големина си договараат Pampers и babylove. За тежина 4300 сигурно ќе ти требаат 2ка, 1 ќе бидат мали.