Се мислам за новороденче дали да почнам со Бејби лав или Памперс премиум. Со првото дете почнав со Памперс,околу 3тиот месец се префрливме на Бејби лав. Има некој искуство?
Со првото исто на почеток користев Памперс Премиум, па се префрлив на Babylove. Со второто од почеток користам Babylove, плус прематурче па од Babylove само наоѓав соодветни мали пелени.
Ако има реакција ќе има и одма. И ние почнавме памперс премиум ама зошто тие ми ги кажаа тие ги купив после со бејби лав продолживме. За второ здравје одма бејби лав, задоволна сум, не пропуштаат и се доста поволни.
Јас сум релативно задоволна, користиме сензитив. Имам близначиња, на машкото пробав и редовно му пропуштаа, мочка лошо насекаде, па него му ставам памперс актив. Дајперсот ги користам за женското, затоа што она ми се исфрлаше од памперсот, а со дајперс е ок. Е сега два три пати ни пропуштија кога имаше потечна столица од страните кај ластичињата, ама бајаги е динамична, може и не е до пелените. Од тоа што пробавме само виолета никад не би купила пак, крути ко картон ми се чинеа, друго се било просечно, задоволително. Пробај, зависи од бебе до бебе што ќе му одговара.
Јас со Бејбилав почнав, дека мало бебе беше 2кг,со 0 бројче почнавме , ептен ми се засвиѓаа. И ефтини,180ден 28мислам беа. Сега надмина 3кг па Памперс премиум 1 користам. Иако бејбилав искрено повеќе ми се свиѓаа. Следно одење во ДМ ќе си земам пак од нив.
На почеток користевме Памперс Премиум, па Актив, а сега користиме Бејби Лов. Никаква разлика не гледам освен ценовна. Одлични се Бејби Лов, не би ги менувала сега за сега.
Јас земав поголема бројка Слипи и ок се, сега со ротава има течна столица и ја држи. Со кг не одговара, носи 3ка на Бејбилав, сега Скипи 4ка, ама далеку ми е ДМ да одам по Бејбилав и затоа земав Слипи, башка доста ефтини ми се и сега ко што мењам на саат време добри се. Ако му земам 3ка како што одговара по килажа мислам мали ќе му бидат.
И јас пробав со слипи им дадов втора шанса и подобри ми се заразлика од памперс актив. Само што памперс користам 2ка а слипи 3ка. Слипи го немаат оној мирис на мо*ки што го има памперсот кога ќе се наполни пелената, не пропуштаат навечер и се доста поефтини.
Затоа што немаат парфеми, доста се поприродни од другиве. Апла се гледа дека се само памук и хартија непропусна. Ок се само мала им е кројката.
Здраво драга ги има на сајтот на Белина и во нивните БиоШоп. Има за сите возрасти и тежина на бебе, дури и за прерано родени бебња. Еве ти линк на сите пелени ко ги имаат https://www.bellina.mk/c/40/pelenska-regija
Јас почнав со Памперс Премиум,сменив и Виолета(не сум задоволна ич),па бејби лов кратко и сега Памперс Актив и не ги менувам дефинитивно нив
Јас со бејби лав почнав и ги користев се додека не ги поскапеа премногу. Иначе 3600се роди 2ка му земав и таман му беа. Единствена пелена што течните каки не прокиснуваа. Интересен дезен имаат тенки и најбитно од се со ластик се лепенките па се доста флексибилни
Ги имате пробано Pure од Жито? Турски се, премеки и пренежни, за нијанса поголеми од Слипи, вака добро впиваат ми личи, ама бејби ми јави осип, мислам е случајност ама ќе морам да ги паузирам. Сакав бар дур кака 15 пати на ден да земам некои поефтини, ама тешко изгледа.
Како да знам дека е време да преминеме на поголема бројка? Користиме Бејби Лов 2ка, се мислам дали да се префрлиме на 3ка од следно пакување. Околу 4кг и 100гр е.
Доколку често протекува, или ќе видиш кај бутчињата дали го стегаат и остануваат длабоки линии. 2ката е за новороденче барем 1 месец можеш да ги користиш сигурно.