Јас сменив на 3ка со 4 кила, зошто му протекуваа 2ка. А ќе му се прават нормално белези, и со 3ка ќе се прават.
И да ви кажам овие пелените од Жито Pure cotton многу се добри, а ефтини ептен, мислам беа под 400ден 3ката за 47 пелени?! Меки, нежни не мирисаат што ми е најважно, имаат лента за влажност...
Јас во мојот град две недели барам нема..само 4,4+ и 5..и на крај ќе морам изгледа на памперс да се вратам
Јас во скопје во 3 населби хаха. Кога користевме 5ка стално гледав 6ки, сега кога ми требаат само еднаш една кутија начекав
Во зегин има акција 4 паковања Слипи пелени гратис тротинет. Ние слипи био натурал ги користеме и сум супер задоволна
Провери во ГТЦ, претходната недела ми зема мајка ми 2 кутии, рече имало. Јас барав претходно во ДМ во пеглата и кај расадник ама немаше
Во СП планет уште да провериш и сити мол. Не знам дали има опција да се нарача од дм страната? Се им е супер на овие од ДМ ама со залихиве ужас се значи...
Исто е и за млеко.. кога ќе начекам си викам ај да не ги купчам а коа ми треба нема. Нема опција за онлајн а добро би било
Ние сепак сме малечки за Бејби Лав 3ка, а татко се залетал купил Џамбо пакување. Ќе си останеме уште некое време на 2ка, нема да ги стегам толку само. Влажните на Бејби Лав добри се? Прво користевме Памперс Сензитив, ама многу се мокри не ми се свиѓаат. Сега Виолета користиме и ок се.
Не се лоши како марамици, ама пакувањето им е катастрофа. Едно вадиш, десет излегуваат. Немам нерви дури менувам пелени да се трткам толку да внимавам како вадам. Виолета се најдобри од се што сум пробала до сега, не верувам дека би експериментирала пак.
Јас имам метална кутија со пластичен отвор. Го ставаш цело пакување влажни во неа и се вадат добро сите марамици, ретко да излезе повеќе од една. Ама ќе си држам до Виолета и јас, немам потреба да ги менувам моментално.