Што цена е тројката? Има и био и обично мислам нели? Околу пелени, бејбилав зезнаа нешто, цело газе црвенила и се прави. Памперс пентс се топ сега за сега.
Јас би рекла повеќе дека Виолетата ги имаат утнато за сите пари цел гел искача и се кинат лесно. Земавме бејби лов пак да користиме и еве ни да прокисне ништо топ. И на мојот еднаш имаше испип на газето ама му беше од сокчињата што содржат лимонска киселина, одобено на БИ докот од 100% портокал.
Пак ги вратија цените на пелените високи а? Има ли некој пилот во авионот, се знае до кога ќе идат во плафон цениве? Еве Бејби за големото зимав по 600ден беа, 1000ка се сега. Кутиите Бејби лав нели по 700и нешто беа, пак се 800-900. За овие Памперс па да не зборам. Ги зимав од Жито тие, ем ефтини ем убави ми беа, ама ај викам да видам некое поголемо пакување да земам дека тие мало брзо ми се трошат, појдов во Зур и гледам Молфикс, последно пакување останато, продавачката вика се трошат ко алва. Земав еден пакет, прво цената беше и повеќе од ефтина, 650 мислам за 80 пелени 4ка, друго пелените исти ко Памперс, преубави, впиваат, комотни, со убави лепенки, многу ме бендисаа. Не ги менувам веќе, ќе си ги зимам тие, пелена е пелена, ако не му праи проблем што мора да е од 1000 и кусур Памперс, за у канта пари фрлање. Парите што ќе ги заштедам пре за убава храна ќе ги дадам.
Зависи кои модели овие им се 779 денари сеуште. Искрено Виолета со бејбилов иста цена држат а Виолета се кинат и распаѓаат. Кан бебе се убави, памперс би земала само ако бебе има проблем до осип на кожа иначе никогаш.
Не се таа цена, вчера ги гледав, сите се 800 и нешто. Мислам дека оваа акција секогаш поволно им трае одреден период само, а ова е веќе 2м наназад цена и верувам дека им е сменета.
После 2 ипол години користење на памперс, пробав со кан бебе и одлични ми се. И на цена и на квалитет. И за бебето земав кан бебе
Ама со мали букви пишува од кога е цената, а оваа акција препорачани цени им трае само 2м мислам, гарантираат дека од тој датум пример 2м нема да сменат цена.
Можеби, дриблање народ е тоа ама пак добри се за парите барем не се распаѓаат и не протекуваат. Ќе дојде време да вриеме мелни пак како во старо време.
А за тоа, за квалитет најдобри се. Мене Памперс не ми се свиѓаат ич, мирисаат, се одвојува гелот и висат, особено кај поголеми бебиња веќе, се манта памперсот коа ќе натежне.
Сега ме замисли за памперсот. До скоро бевме на 3 и си беа супер. Сега до пола паковање сум на 4 и нон стоп ми мириса ко да е мочана ама премочана пелената. Ко ќе ја соблечам таа сува. Се мислам дали нешто серијава се утнала или сите се така. Големата до крај со памперс теравме и супер и беше
Гарантираните цени треба да им се минимум 4 месеци по она што рекламираат. Ако смениле значи нешто не се координирани сами со себе . Баш ако одам после ќе проверам и ќе прашам