И јас реагирав дека не е оваа цена за џамбо пакувањата, и ми објаснија дека цената била само за пелените со број 5, не за сите, иако не пишува така. Демек пишувало 72/1 а само од тој број биле толку мафтање народ на велико, многу ме изнервираа. Башка 5ки НЕМА никаде. Еве го одговорот
Ццц, значи колку се безабразни, нели секогаш поволно ќе траеше најмалку 4 месеци и пелените спаѓаа во таа категорија на цени. Е сега им текнало една бројка само да ја стават со намалена цена а другите да ги качат, страшно Која цена се иначе другите бројки ?
899 се другите џамбо пакувања ама имаше само 4ки и 6ки, а единечните ги качиле цените, земав 5+ големина и беа 596 денари = 34 парчиња
Јас користам Памперс Актив Бејби. Еднаш мајка ми зема за кај нив да не влечкам и ми се видеа океј дека се а и цената е прифатлива.
Единица ти е за под 3кг бебиња или прематурчиња што се и од нив нема џамбо само и има малите пакувања 28 парчиња.
Имате искуства со Bambo Nature (во Белина ги има). Користам памперс премиум од кога е роден ама денес ги видов и купив овие. Соленка цена се ама ако имате добро искуство со нив би ги сменила
Мајки, имате приметено разлика во пелените на Pampers Premium Care? Од раѓање ги користам нив, сега сме до 2ка, купив пред некој ден пакување и кога ги отворив потенки ми личат од претходната 2ка. Имав од старите и баш споредив, различен квалитет се. Или халуцинирам од умор?
Некако тесни се кај газот и кога ќе се измоча дете кога е полна пелената мислиш тегови си му закачила и така да оди претешки се.
Значи да не фелам пари. Кан бебе морам да кажам за цената се најмеки до сеа. Најмногу ми одговараа Виолета премиум, ама прескапи. Исто и Аир Драј поскапеа 1300скоро. Бејбилав 900 ги напраиле, а 6ка има само 64 пелени.