Вчера ги купив овие пелени кои беа на акција за прв пат и сум презадоволна од 967 ден ги зедов 774 супер се
Не е лоши ама дебели се па и кога ќе е напуни пелената мислиш гума за пливање имаш ставено Сега баш ги коментиравме нив Да кан бебе се супер искрено. Виолета аир драј ги усраа и јас ги сменив за 2 часа носена пелена внатре цела искината и гелот му се лепеше, порано не беа такви. И пак се префрливме на бејби лов поскапи се ама барем раат сум цела вечер.
4ката од колку кила е? Баш мислев денес да одам да ги сменам виолетата Колку пелени има во џамбо. Задоволна сум од виолета , ама сите ги фалат овие па мислев да сменам
Јас имам купувано за син ми, задоволна бев Тогаш не фати некоја еуфорија за нив на форумов, знам беше лето и имаа џиџе, со сладоледи им беа
Дали некој провери како е акцијата за Пуфис во Тинех? Таман од Виолета сменив на baby love и качиле цена....ме фати инает и не земав.
Во тинекс се на промоција како што ти пишале ама се 899 денари во рамстор ги видов 740. Кај нас нема ништо гага @KonstantinaM
Ги потроши залихите ? Јас конечно ,да . До минатиот месец имав Сега сум префрлена на тие од Лидл Топ пелени И мн ефтинки 30 комада за 5 евра и нешто ситно А мекички се , впиваат доста и не мирисаат на мочки Околу 10 ден излегува една пелена
Мене Пафис ептен ме бендисуваат, ама ја утнав, земав 4ка а тие да ти почнувале од 9кг, а буби мој е 7кг, па утре ќе одам тројче да земам.
Ехееее, отидоа. Овие од лидл ги фалат сите, ама не ми текнало да нарачам по некој. Летово ќе ги пробам. Пример за 5ка виолета би одговарало 5ка лупи?
Па не баш Со сосем малку помали идат Лупи 6ка земи си најарно Гаќичките може 5ка. Јас и гакички имам ама тие ми се од лани летото земени , по грешка имав земено 5ка неколку пакети па ги користам чат пат коа ептен не дава да му ставам пелена
Да ве прашам за памперс гаќичките дали сте ги користеле и како сте задоволни, на промоција се во зегин второто пакување на 50% па се мислам да земам. Купив на слипи гаќи и некако ми се практични таа форма на пелени.