Гаќичките исто одат како пелените? Денес и ставив такви за во вода и многу лесно за облакање. Не ја бркам по кревтот за да ја облечам, па ќе и земам гаќички.
6ка гледам од 13 кг се, а моја дуда нема ни 10 . Туку какви гаќички да и земам оти лавовска борба се води за пелена.
Почнав со Памперс премиум - голем калап и му пропуштаа, па брзо се сменив на слипи... солидни до скоро, ретко да имаше кака а да не менував боди,панталони/шпихозни... Сега пробав со Diapers sensitive, задоволна сум. Држат до сабајле, калап солиден, не мириса мочка, мекички... Цена за бр.5: Зегин -530 мкд за 44 пелени, Стокомак 580 мкд за 44 пелемжни
Мојот Виолета носеше 5ка, од овие 6ка му земав. Ти велам ,малку помал калап имаат. А гакички само на Лупи имам коростено. И тоа 5ка а и они му се широчки. Ама јас гакички не ставам за спиење,само преку ден . Не ми издржуваат цела ноќ,за разлика од пелените
Виолета гаќички - одлични. Многу ми се допаѓаат. Памперс гаќички - супер впиваат, можеби подобро од виолетата, но мирисот Слипи гаќички - помал калап од останативе, лошо впиваат, се полнат само напред, не сум задоволна Кан бебе пелени - доби пеленски осип Виолета пелени - одлични
Како и за првото дете така и сега земав Бејбилов. Искрено овој пат ми се катастрофа. 1ца веќе ни беше мала го отцртуваше бебо на бутките , а од 2ка утоп е за 2часа. Претходно ги носеше и по цела ноќ преспиваше сега не ни помислувам да ја оставам така , сигурно има промени во квалитетот од пред 4години и сега. Земав сега пакетче Канбебе па ќе ги испробаме и нив.
Од кога почна борба за менување на пелени се префрлив на гаќичките. Јас сум задоволна, не му пропуштаат, лесни се за менување.
Многу е сменет квалитетот на Бејбилов, јас тотално се разочарав. Земав пакет 6ка од Дм Битпазар демек со попуст, ама џабе фрлени пари. На Бејбилов гакичките со едно мочање се фул. Немам пробано други гаќички сеуште. Друг го чува и комплицирано им било.
Канбебе ми мирисаа на мочка и на мојот му правеа црвенило и многу плачеше кога ќе се измочаше во нив. Ги купив на почетокот зошто беа за 2 кила ама ги фрлив. Во ремедика ставаат ама не им давам си носам моја.
Зависи кои, xs и 1 имав купено и бев многу задоволна, 2 не се покажаа добри ги менував на секое мочање и јас ги купив како тебе ама во сити мол кога беше попустот па и на залиха се изнамачив за да ги потрошам
И јас земав 6ка вака добри се доста држат и не пропуштаат. За разлика од Виолетата што за 2-3часа носени максимум му кинеше внатре и цел беше со гел. Но бејбиловот колку и да е мочан и какан не му се ни кине ниту пак да протече.
Гакички на слипи и двете се тројка, првите се погодија па купи пак, во вториве не го собира. Во аптека ги продаваат кко исти но не се.