Да не се различен тип? Бионатурал и Натурал? Немам земено јас, за летово за со фустанче планирав да земам и да пробам
На страната на Зегин ми излегуваат вака Ги немам физички видено бидејќи во последно онлајн порачуваме. Туку ист број земате пелени и гаќички? Sleepy 3ka пелени веќе се скоро па кнап кај моево, да дотрошиме залихи и ќе преминеме на 4ка. Претпоставувам и гаќички 4ка ќе одговаат?
Гаќички секогаш еден бр поголем. Иначе Слипи секако идат помали у споредба со другите памперси. Пр: Мојов носи памперс Виолета 5ка, Памперс Пентс 6ка, а Слипи 6ка гаќички и пелени му се мали.
Доби некој поклон од Виолета во Зегин? Имаше на инста објавено, со сметка од производи на Виолета во Зегин дека добиваш поклон, а во Зегин директно ми велат дека нема такво нешто.
Со пазарење на Виолета и Зегин картичка, најголемата сметка на неделно ниво добива мислам. Не на секое пазарење.
Дојде време да се збогуваме со Памперс Премиум засекогаш. 5ипол месеци ги користиме, веќе 2 недели има пеленски осип кој не се смирува со ниедна крема (ниту за потпарено, ниту кортико, ниту микробакт...). Дефинитивно е до пелените. Сега од што ве читам тука се двоумам дали да менувам на Babylove или Bambo Nature. Ве молам помагајте кои се подобри! Фала
Да пишам за бејбилов гаќичкиве. @Eli23 ќе те тагнам, зашто во друга тема ме прашуваше за натуре. Преубави се, меки и досега не ми пропуштиле, само преку ноќ ги ставам. Задоволна сум, би ги купила пак, единствено не знам колку се соодветен избор за лето зашто се доста високи и материјалот е таков, мислам дека многу топло држат. Во меѓувреме земав и бејбилов премиум гаќички и не ми е јасно како може да има толку голема разлика. Првата што ја ставив пропушти. Си реков ај ќе ги искористам за преку ден, не ризикувам веќе за ноќе и втората што ја ставив денски за неколку саати пропушти Никогаш повеќе не би ги купила. Во спојлер слика бејбилов натуре и бејбилов премиум, двете се број 5 Спојлер