Подолго не наоѓам гаќиЧки од Натурал. веќе нз што ќе се зема. Прошлиот пат земав канбебе 5ка презадоволна. Сега земав 6ка голем пакет, катастрофа.
Ако користи некоја мајка, продавам 3 паковања Pampers Premium Care (по 60 пелени) 3ка величина! 1800 денари за сите 3 паковања.
Ако некоја сака ефтини, а солидни пелени и гаќички има во дуќаните "Лила" што се продава хемија, прашоци...Јас за малиот ги земав случајно и задоволна сум и онака веќе е голем 3 години и сега пробувам да го одвикнам му ги ставам и за навечер не пропуштиле, а пие доста вода. 20 парчиња гаќички се 150 ден. 20 пар. Обични пелени околу 200 ден. Дуќанов го има во Драчево го имам видено во К. Вода сигурно го има и во другиве населби.
Земав 5ка. Убави, дизајнирани, тенки, ластиче позади, 56 парчиња за 649. Уште да видам како ќе се полни и дали ќе смрди.
Гледам на зегин сега дека имаат слипи гаќички за во вода и тоа 345 ден за 20 парчиња. Доаѓа дупло поефтино од памперсот. Ги корстел некој да сподели дали се ок?
Цело пакетче искористивме на одморите сега. Супер се покажаа. Тенки се, не се полнат со вода воопшто. Е за каки не знам како е, немавме таков инцидент во вода
Спрема други како се со големина? Слипи се нели помал калап. Спрема килажа кај моево ќе одговара 3ка. Ама на мисла сум да земам 4ка доколку најдам, па кога да е ќе се искористат.
На золва ми девојчето има 9 кг, во Зегин и дале 4ка, таман и биле. Мојот е покрупен 5-6 земав јас. Спојлер @V.N.
Се зезнав ли со џамбо пакет бејби лов 3ка? Мислев дека се исти до двојката Nature, ама не се, Premium се овие. Немаат џеб позади и тоа ме нервира, морам секоја пелена да ја виткам зошто многу пати на 2ката џебот ме спасил од претекување. И некако како ластичиња му се познаваат од 3ката, а отприлика 6 килца е, не му се мали. Подобри ли се 3ка Nature од Premium или да си бараме нов бренд. Дајте препорака некоја?
Од сите брендови имаш за новороденчиња. Јас почнав со Памперс Премиум, ги пробав и Памперс Актив, ама многу брзо се префрливме на Бејби Лов и ни одговараат, а се поекономични.
Јас на почеток користев натуре па од 3ка премиум Нас супер ни се покажаа Ниеднаш не протекле а 2 годинки сме веќе Едно време и памперс,виолета и слипи земав ама пак на бејбилав се вратив