Му земав 4 за да не ризикувам ама чудни ми се како комотни горе а доле ок. Следните пак 4 ќе му земам, да не заглават 3
Купив гаќички на памперс пау патрол се изненадив колку се убави и мирисаат многу пријатно на бебешка пудра.
Како јас Дајперсот, не отидов до ДМ и во аптека само такви 2ка... ај да ги пробам ама Сад и више никад...
Во рамстор до среда се на промоција 1109 со 70 поени на картичка и ако купиш 4 до 16.8 добиваш ваучер од 800 денари. Евтино испаѓаат.
Препорака од мене ако можете да најдете Huggies место Baby Love. Дотрошувам џамбо пакет, ама паралелно ги купив Huggies и можам да кажам дека се далеку поквалитетни. Меки, не мирисаат, одлични се.
И моево мрда, сега за сега ако е размрдан давам цуцла и се подсмирува па успевам некако. Кои гаќички ги користите?
Деф, јас од 5 месеци негде и ставав гаќички, милина, нит ги одлепуваше, нити мрдаа, до одкажување со гаќичките бевме. Ние со памперс сме приврзани иако и на Babylove беа ок, а далеку поефтини ама не знам мене памперс ми се најтенки, и никогаш не ми пропуштале за разлика од др.
Девојки, продавам отворено џамбо пакување Sleepy natural 5 (Junior). Останати се 56 пелени од вкупно 72. Прв пат земам од нив и немав појма дека се толку малечки и дека треба да земам два броја поголеми, овие не му одговараат на син ми. Доколку некоја ги користи и ѝ одговара бројчето, ги давам за 500 ден. (доставата со Карго е на мој трошок).