Дали знаете некое дм каде има пелени на бабулове број 5+ во пакет економичен? Јас само единечно пакување наоѓам..
Епа ете на мојата не и минува црвенило од цинк, ниту од тоа на фризидерм, ниту бејби лав. Да ја оставам така да плачи и да се вивнува црвенилото од жешкото, ама никако маст за потпрено викаш? Инаку со 1-2 аплицирања газето и го прави стакло, не гледам колкава би била штетата од неколку мачкања по потреба.
Ако е иста таа маст што ми ја донесоа вчера не е павловичева, не е мрсна, баш е за црвенило. Ми донесе вчера комшиката да сум пробала, не ја земав пошто не користам тоа. Ама многу повеќе ме потсеќаше на цинк крема отколку на павловичева. А за големото што купив еднаш, на беби пудра јави алергија, беше мрсна и бетер стана. Така да очигледно има различни масти за потпарено. Не велам дека сум јас во право, може сум грешка, ама мене лично масно на воспалено нит ми има логика, нит ми делува, си имам мачкано меѓу бутки кога ми се растриле, во Дојран работев една година во лето и бев пепел меѓу нозе, се потев и многу се воспалив, мислам дека повеќе ме болеше откако ставив павловичева отколку претходно. Затоа и не користам ни на деца.
Дечки за исфрлена пеленска регија вазелин е лекот. Кај малата стварно помага - смирува и намалува црвенило за една вечер, а целосно го снемува по - дена. И што е најважно кога ја мачкам не регаира дека ја боли, ја пече и слично...
Истата, бела основа, розево капаче. Холи греил. Веќе кога ќе видам црвено газе, не ме фаќа ни паника, ни ништо. Си го имам иљјачО
Денес бев во киперот кај вучко во аеродром имаат останато 5 пкети за девојчиња и едно за машко ама не ги видов бројчињата
Ај малку глупаво прашање. Ве читам користите гакички. Мм погрешка вчера зедол ама како менувате какана пелена. Бебе, чаршав и јас целите бевме лом. Немам појма како да ги соблечам
Ме изнасмеа Јас не за ова, ама не знаев како се пакуваат за фрлање. Ме просветли @dunika (поздрав дуниче) дека има лепенка позади и со неа се затвораат
Ја видов јас лепенката ама мислев напред е тоа, така и ги облекувам Ова треба во мајчински гафови да се стави