Јас дотрошувам од предходно не дека се сјајни но се ок, ги ставам само за спиење инаку преку ден користам гаќички на памперс и сум презадоволна
Океј си е со коментарите Членката само сподели дека Виолета се на акција. На кој се океј нека си купи. Затоа имаме избор на пелени и козметика за секој тип на кожа што би одговарало.
Во дм има за секоја купена храна од хип гратис 20 пелени Пафис. Јас вчера земав ги пробавме ок се вака, само некако чудно ми мирисаат. Вие што ги користевте такви се сите или овие дека се на акција се миризливи?
Ме изнасмеа, ама на почеток со поголемата ќерка и јас ги облекував со лепенката позади, потоа на пациентче видов како му ги облекле се изнасмеав и сега и јас знам Кан бебе како ни се покажаа добри, среќа што се ефтини, многу пелени трошам во денот, да беа памперс актив бејби, како со првото, ќе требаше само за памперси месечно да работиме
Обратно, лепенката ја ставав напредпа кога видов сватив дека грешка било. А во текстот горе грешка сум напишала, поминало време за редактирање
Пафис смрдат премногу, едвај дочекав да ги потрошиме. Бекутан се ок, ама еве после некое време се вцрве газот па чекам да видам дали е од нив или од храна.
Што е со пафис и мирисов на омекнувач. Како да ги потопиле. Вчера пазарев во дм кашички од хип и ми дадоа гратис и пакетче гакички и пелени. Ама ова со мирисов ми е шубе и да ги користам
Можеби утната серија па ај сега да помине можеби мајсторот го смениле . Шала на страна ама некако кан бебе и бејби лов нај океј ми беа зошто не беа предебели ова зборам пред 2 години кога земав од нив сега можеби и сменети се.
Со бејбилов е од раѓање мојов. Само лупилу имам ставено додека бевме на одмор покрај овие. Дефинитивно е утната серија на пафис штом цело пакетче од 20 даваат со една кашичка. А и подебели се од бејбилов. Ќе ги оставам отворени ако се излуфтираат може ќе ставам во зорт. Ако не во канта.
За подобели и тогаш беа од бејби лов, а уште кога ќе се намокри внатре гелот да мавнеш некој ќе утепаш со пелената.
Може ли да сликнете за кои пелени пафис зборувате? Навистина ме чудите, со првото дете долго време користев пафис 5ка и бев задоволна. Сега да не смениле пакување или има некои нови.
Мене ми се ок пафис, цело пакување потрошив од 48 пелени ниедна не пропушти, а се случуваше да бидат преполни. Спојлер
Nature. Премиум ставив три пати, три пати ми пропуштија. Стојат цело пакување... Натуре се убави и меки и не ни пропуштија ниеднаш (ноќе ги користев). Ама тешко се наоѓаат, брзо се трошат, особено 5ка. Земав 4ка (пишува на нив до 15 кила), ама мали му се на син ми, му оставаат траги на мешето, а 10 кила е.