Јас сум презадоволна од памперс премиум гаќичките ама и јас сакам да пробувам. Може виолета да ги пробам следно
Јас обратно од @Anika55 , натуре едвај чекав да ги потрошам. Премиум ми се покажаа подобри. Зависи од детето
Што серија сте начекале ? Имам пафис гаќички, пред 2 недели ги зедов од ДМ, ни мирис имаат ни на прашок ни на омекнувач ни на мочки ни ништо...само одам и ги мирисам си велам аман дали е до мене проблемот или што е
Изгледа ги читам и Ано и Ангел се жалат, одам и само ги мирисам пелените на ништо не ми мирисаат, си велам аман до толку ми е расипан мирисот
Стварно имав проблем со мирисот, пред 1 месец имав јака горнореспираторна инфекција, загноени уши, синуси, полна бев со секрет, ни мирис ни вкус имав аман викам уште не ми е вратен мирисот, ама парфемот си мирисам значи не ќе да е до пелените
Гледам се жалите од миризбиве. И јас се нервирам веќе не знам какви да купам, а не знам дали е до пелените или до детево. И памперс и дајперс и бејбилов му мирисаат, страшно. Кај девојчево не се приметува, ама кај машково ептен. Дали е можно урината да му е таква или сепак пелените се?
Ептен се дарежливи. Пакетче пелени/гакички со 20 парчиња, плус литро омекнувач, за да мирисаат пелените
Ќе ѕиркаме пред да отвориме . Добро што не земав три пакета туку два. Ќе имав грижа на совест да ги фрлам, а реално незнам колу ќе го издржам ова
Кои памперси ги препорачувате за машко новороденче се мислам за babylove од дм? кои се со најскромна цена а солидни?
Според мене нема да згрешиш со бејбилов. За првото ги користев долго, сега второво од прв ден е со нив.
И нашите корнат,баш вчера прв пат ги отворила сама и ми ги носе да и ставам,и само како шета се шири реа ,и сабајле пак се запна од нив за во градинка да и ставам ,а не практикувам такви за таму,ама немаше разбирачка и сега ќе ги отруе негователките Исто ,втората е од прв ден со нив ,не сме смениле
Koi pampersi gi preporacuvate?em kvalitetni em evtini? A citam nekoj gakucki ste kupuvale? Tie se zanena za pampers? Mi gi preporacuvaa slepy od zegin i baby lav od dm
Ефтини пелени пиши пропало, нема. Ефтини беа Еви Бејби, бар кога бато беше Бејби ама и тие ги напраија отров. Од пред 3м што се вика до сега цените се плафон, а не па од пред неколку години. Молфикс пред 3м ги земав 550, сеа се 700инешто. А за квалитет и цена, дефинитивно предничат Бејби лав, топ пелена за ок сума, не преефтина, ама не и изгор скапи.