Прееска баш бев во Жито, ама не можев да им ги дешифрирам цените. За сите Памперс имаше цена 999, а има разни паковања. Пример Памперс Актив паковање од 104 пелени нема шанси да е 999 ден, а помалите паковања пак 999 ден.
Сите имаат иста цена, 3ка , 4ка 5 и 6ка. А сите се со различен број памперси. Колку поголема бројка толку помалку во нив пелени. 3ката со 104, 4ката со 90, 5ка со 78 и 6ката 60 или 64 мислам.
Прашав во аптека и ми кажаа дека жолтите биле малце потенки од зелените и со екстракт од лимон, а зелените со алое. Земав жолти па ќе видам дали ги бива
Девојки за новороденче која бројка треба да ја земам за во болница? Дали си стои на нив дека се за новороденче или одат по месеци,килажа? изгубен случај сум на темава, прво бебче чекаме не ми се смејте ако е глупо прашање, не сум била да гледам зошто сум на строг бед рест па не сум разгледала ништо по рафтови
Пелените одат според килажа, не се според месеци. Но, за почеток секако ќе ти треба бр. 1 тој е од 2-5 кила. После зависи како ќе напредува така ќе си менувате поголеми.
Тенки се вака, ама јас 2 дена ги користам и сабајле кога стана ќерка ми беше сува, дур се провртев 5 мин ја гледам утоп напред и пропуштила. До сега ни една пелена не ми пропуштила. И башка некако чудно ми е тоа мочканото во пелената како обележана територија жолто кругче се прави. Земав големо паковање се зезнав, пак не би ги земала. Најверојатно ќе ги фурам за во градинка во ранче Хагис неможам да ги преболам никако. Врв ми беа
И јас ги пробав конкретно зелените, и некако не де баш добри… прв пат да ставам пелена за навечер и да пропушти а и некако скапи се за квалитетот Инаку користам бејби лав ама немаше во дм од големите кутии што ги земам и земав од рамстор миниес и тоа гаѓички случајно кога отворив видов еве 3 дена ги користиме супер се имн ок цена 30 гаќички 299
Zdravo Mamicki sakam da prasam mislenje za canbebe. Vaka prvoto dete go izrasnav so tie peleni se dodeka se otkazuvavme odniv, eve i za vtoroto povtorno gi korstam no mn pocna da se nafrluva kaj cipite i na gazeto eve nekolku meseci posle redovno koristenjen se iznenadiv od reakcijata. Kazete mislenje dokolku nekoj gi ima koristeno.
Чим си приметила дека од нив има осип смени ги. Не значи дека ако на првото му одговарале ќе му одговараат и на второто. Се менува квалитетот, децата се различни итн. На пазарот има многу други пелени од сличен/ист ценовен ранг со тие, а со добар квалитет. Пробај нешто друго.
Ужас. За поголемиот ги користев месец. Не се нафрлаше, ама многу пропуштаа. За помалиот пробавме еднаш, иста приказна. Пробај повеќе видови додека не ги најдеш тие што ќе одговараат. За моите сите други пелени одговараа, па им ставав од најевтините.
Новите Пафис сте ги пробале? Пак напраиле џиџани такви, шарени. Додуша ми донесоа мене од Лидл 5 пакета, па не ми требаат извесно време
Последно зедовме Fashion & Nature, ако на нив мислиш. Имаме и ние залиха и други немам видено. Мене пак ептен ми се шарени тие. Сакам јас поедноставни. Овие ги имаме. Ај додека имам време, всушност сакам шарени ама со нежни бои. Хагис пример со Мини ептен ми се допаднаа.
Некаде од 5 месеци почнав, затоа што беше невозможно да му ставам пелена, се вртеше на стомак веднаш штом го легнував на грб. Сега на скоро 11 месеци, комбинирам пелени и гаќички. Некогаш лежи мирен, па ставам пелена, некогаш стоечки облекувам гаќички. Кога не сме дома, користам секогаш гаќички, за да не морам да го легнувам.