Мајки дајте предлог добро покажани пелени ама за поголеми броеви До 5ка земав Слипи и супер беа ама 6ката пропушта на секоја пелена. А слушнав и од други мајки дека од слипи и на нив им пропуштале големите броеви
Има 6 и 7 на бејбилов, најдобри пелени според мене. Слипи жолтите ги земаш 6 и 7? Нас не ни пропуштаат жолтите слипи, ама зелените да, тие се катастрофа.
Женски да ви кажам купив од пелените што се во стокомак и сум задоволна, меки се и упиваат, најбитно не мирисаат.
Да ако може Јас со првото земав пелени на попуст што беа да бидам искрена, се пробав, најдолго даиперс користев бидејќи бебе дебелко поголем калап се тие, потоа пуфис и тие супер беа, виолета не од нив прокиснуваше, па после ги открив Еву бабу и само такви земав, ем евтини беа ем многу му се погодија, имаа миризба ама не му правеа проблем, бебе со дерматит и егземи беше. Сега зедов Еву за малово супер се ама цената како бабу лов иста, а бабу лове поубави од нив се. Па сакам да пробувам и да најдам поевтина варијанта штом бебе нема проблем нема потреба од скапи пелени
Неможам баш да споредам, зошто моментално имам отворено хиги кои се со ластик и памперс премиум ама тие се до 25 кг затоа се поголеми. Мојот има меше и го фаќаат.
А 3ка немаат ли? Моето е 7 и нешто килца и слаб е во половината. Лупилу 3ка му шлапаат и пропуштаат па моментално користиме Хагис. Би ги пробала овие, стварно се ефтини.
Ако користиш гаќички пробај на канбебе, сосема се различни во квалитет од пелените. Имаат дебел и широк ластик, ќе го опфатат убаво ако е слаб и нема да му протечат. А и не се многу скапи
Не сум пробала гаќички, а може треба. Веќе е толку подвижен што ми бега од пелената за секунда, одвај го облекувам.
Јас да прашам како се вадат гаќички а да не се ушлака бебето со голема нужда? Еднаш ставив и веќе никогаш
Практични се за во лето зошто не е наоблечено бебе, а за зимно искрено треба цело да го соблакаш за да му ги облечеш. Некој во скоро време што има користено кан бебе дали е задоволен? Реално правев споредба со цениве на пелениве и бекутан го држи врвот со скапотија поскап е и од памперс актив бејби.
И јас тоа гледав. А бекутан биле најкрш пелени што сум ги пробала некогаш. Беше средно паковање,бебе тогаш ја прокисна секоја една пелена. Каки,мочка,се'. Поужас пелени од бекутан немам пробано. Уште чувам слики од тој хорор Да не сум офф,јас сум многу задоволна од виолета. За првото цело време ги користев. Сега планирам пак,не сум проверила како се со цена сега.