Јас да ги пофалам пелените на Бекутан, моментално на акција во Жито маркети. До душа во овие два месеци само памперс користев, но овие се подобри
Да ги приметив дека се подебели од памперсот. Ми се допаднаа што не мирисаат. Дека прво дете нова сум во темите за бебиња, ве читам и учам по нешто ново. Според мислењава следно ќе земам Виолета ако не ги бидува се враќам на Памперсот хаха
Јас веќе 10 месеци ги користам Air од сам старт и сум задоволна ептен. Е сега ме интересира дали Памперс и Виолета одговараат во големината? Гледам Памперс на попуст во Зегин.
Кои пелени се најголеми, најшироки, ми тррбаат за ноќе поголеми, со Био Биа од Стокомак уште е малото ама 6 ката мала му е за ноќе, ако цица поќе пати прокиснува ако не му ја сменам во 1 или 2ч. И дали има 7ка и од кои има?
Од Sleepy и Pampers има 7ка. Јас имам искуство засега само со Виолета и Бејбилино и можам да кажам дека Бејбилино се поголеми, пошироки од Виолета.
Користев Слипи за новороденче секоја пелена пропушташе. Сега користам Виолета еар драј и сум задоволна ниту еднаш не ми пропуштиле,а менуваме сиг по 15 во денот.
Мајки, дајте префлог за пелени што еднаш нема детево да прокисне. Пробани ми се слипи, бејбилав, памперс актив, виолета, дајперс… буквално секоја е прокисната. Моментално имам бејбилино 6ка, предходно ги користев бејбилав 6ка ама како што ги изменаа исто прокиснуваше. Да не треба да пробам бејбилино помал број?
Пробај помал поголем број од бејбилино не сум чула некој да се жали. Пример мене pure не ми киснеа ич а овде се жалеа, јас следно би земала од нов 4ка зошто 3ка е баш мал калап и мислам ради тоа би пропуштале
Ги земав од стокомак био биа да ги пробам па следно бејбилино помал калап. Буквално секоја пелена е воден до гуша…
На малата моја речиси сите пелени осип и прават освен бејбилав. Ги користевме скоро од раѓање. Сега откако ја сменија 6ката дека пропуштаа па и плус ги немаше некое време зедов бејби лино. Пелените се убави но и направија осип. На доктор ми рекоа дека најверојатно е од памперсот. Купив виолета, и тие се убави и слични се на бејби лав. Но поради осипот дека уште беше присутен ми беше шубе и пак зедов бејби лав ама 5+ дека 6ката е сменета и пропушта.
Аман бе, јас од Стокомак со месеци ги користам, големо бебе имам, не ми прокиснуваа ич, почнаа пред недела ноќе да прокиснуваат ама поќе цицаше, 6ка користам 12+кг е бебето, нема уште 9 месеци. Ако му сменев пелена кон 2ч не пропушаше, ако не сабајлето прокиснат. Затоа за ноќе зедов 7ка од ДМ Бејбилав, засега е ок. За дење пак е со Био Биа.
Јас сум со памперс актив, ги користеше и бејбилино и бејби лав ниедна му нема прокиснато. Бејби лино се одлични само малку дебели од останатите. Види да не му се мали па прокиснуваат или да не ја разместува пелената па прокиснува. Ми се има случено еднаш 7 часа носеше памперс актив и не му прокисна иако беше полна пелената