Не мирисаат, урлаат на смрдеа!!! Ужас многу се разочарав и тоа мало пакување зимав значи не е само до џамбото. А другарка во Хр еве ги користи 1.5г гајле немаат ни миризба ни ништо
Јас од биобиа од стокомак сум презадоволна, преку ден користиме 5ка ноќе 6ка. Досега не ми пропуштиле освен кога веќе му боле мали, 5ката за ноќе му се малечки ама имам уште 2паковања па преку ден вршат работа. Гаќите од дм на бејбилов исто така не ни пуштаа.
Оф не знам, за малото кога земав се сеќавам таа вечер го легнав до мене беше болен. Е кога почна да моча, брееј викам што е работата врти се лево, врти се десно, што мириса. Е кога го душнав, го земав и го соблеков. И алиштата мирисаа од пелената. Никогаш повеќе никогаш
Бејбилав користев ми пропуштаа, 4ка му се мали 5ка големи, пуфис земав од тие 1+1 големи пакувања абе смрдат самите пелени како на нафта, изгледа затоа и ги продаваат 1+1, ужасни се. Земав од Стокомак, не се лоши, не пропуштаа ама ептен ми се како најлонски.Сега земав Виолета двојно пакување од ананас па ке видиме. Со второво веке мислам нема кои пелени не ги пробав, со поголемот од почеток до крај користев слипи и ептен ми беа погодени тогаш ама сега некако не е ист квалитетот, ми пропуштаа па ги баталив и само експериментирам.
Baby love само. Виолета за мене се најужасните пелени што сме ги пробале, заедно со Кан бебе и Бекутан.
Од колку кила е 6ката? Јас земав 5ка, ама наизменично му ставам и Слипи за да ги дотрошам. Се мислам дали да земам 6ка, 5ката Слипи како мали да му се веќе, почнаа да му пропуштаат и мочки.
@Tea SK Какви пелени користевте вие, гледам на Виолета има секакви различни и бр 1 и 2 ? белите и розевите,кои се подобри почнувајќи од 1? се мислам и за Pufies
Виолета котон земав бр. 1, зашто нема единица од обичните. За малава Виолета на крај користев, ок беа.
Освен Слипи, ниедни не ми припуштиле со ќерка ми, ни преку ден, ни преку ноќ, 2 ипол год беше во пелени.
Двојчето има ластиче позади, и не пропуштаа, јас тие му ги земав кога беше новороденче. Ама многу лошо мириса пелената кога има мочки, и цела пелена беше влажна макар и еднаш да се измочкаше. А и алиштата се умирисуваа на мочки, јас поради тоа ги сменив искрено. Ми фалат старите Дајперс и едни Слипи во Жито маркети што се продаваа, за поголемите деца со нив истерав, одлични беа. Сега не можам асална пелена да најдам.
Јас земав sleepy за во градинка мало пакетче, Baby love имав од претходно, земав и Виолета и памперс за дома. Значи има голема разлика, памперс се најтенки дефинитивно од сите. Малку мислам дека се поскапи од другите, ама барем се најтенки. А ако пропушти значи бројот не одговара или е лошо залепена пелената.