So prvoto koristev pampers i daipers top ni bea i dvete, sega so malata koristam sleepy peleni i vlazni sleepy prezadovolna sum iako citam razni komentari za sleepy nas ni se super meki tenki i ne propustaat...
Земав Био Биа - стокомак и Виолета. За сега био биа супер се, е ноќе не ги истестирав дали ќе издржат, деновиве ќе ги пробам и Виолета. Ама ми се допаѓаат тенкички лесни, нема мирис
Од толку што имав фобија од Виолета на ниедно дете не му ставив, а може и да му одговарале… Заклучок дека треба се да се проба, може на некое не одговарале на друго ќе одговара
Тие во кутија пропуштаат ,и сите што имаат нова амбалажа со знакчето дека 5× повеќе впиваат. Јас користам од помалите 5+ дека 6ката и помалите пакувања имаат нова амбалажа и пропуштаат. Многу памперси пробав скоро сите осип и правеа или и пропуштаа пак се вратив на бејбилав, мирисаат не мирисаат тоа е. Подобро тоа отколку да ми прокиснува секоја ноќ. Бејбилав никад не ми пропуштиле и 12+ часа.
Здраво мајки Мислење за памперс актив бејби и слипи пелените како сте задоволни? Дали пропуштаат или ја иритираат кожата?
Дајте некој туторијал на што да пазам кога менувам псмперс. Јас мислам дека не ги местам убаво пошто ми пропушта. Користам памперс премиум кер 1ца за 2800 грама тешко новороденче
Има некоја да ми каже колкава е разликата помеѓу Бекутан пелени и БејбиЛов или Виолета(едни од овие две бидејќи и двете се исти во големина) чисто за споредба ми треба
Ние користиме lodybaby и сме презадоволни сите големини се иста цена само помалку пелени во пакувањето. Најпрвин бев со pampers premium care четири пати пеленски осип се додека не ги сменав и сфатив дека е од нив иако се едни од поскапите не се квалитетни. Земи си lodybaby или некој други нема да згрешиш
Со првото користев слипи едвај му се оправи газот. Со второво користев памперс актив бејби на почеток океј беа но мислам за исфрлањето зависи од бебе до бебе првото ми беше склоно газот да му е ренде а на второво ниедна пелена и помада не и смета.
Кажувајте пелена гаќички дали има за мали бебиња,кои се добри и дали држат? Не можам веќе нерви искинав со бебево штом извадам пелена ми ги закочува бутките напред скрстени и не може да наместам никако пелена не сака да отвори нозе а јас апла треба на сила да потегнам и џабе една страна дур наместам он ја соблекол другата и на крај е мочан до врат
Јас од бејбилав сум задоволна од 4ка почнуваат од 8кг. Не знам колку ти има бебуш ама ако е тука околу таман ке ви се
Купив пафис пелени ги имаат сменето од претходно и искрено задоволна сум како бејбилав се тенки али не мирисаат на мочки и кога ќе се напуни пелената не е како порано 100 кила да тежи.
И јас забележав дека се сменети. Со поголемото дете ги користев подолг период и имав неколку пелени останато. Баш ги споредив,старите puffies се помал калап,поеластични,повеќе прилагодени кон телото,потенки. Овие новиве се крути и нерастегливи и не ми се допаѓа.