ама тешко им на младиве мамички денеска да земат пелени да ги стават во нешто и да ги извријат ( не во машина за перење)..па затоа на децата им се исипуваат и така нежни ногчиња, стомачето и други делови
@leona83 , @LePiaf сега преку ден ги користам Canbebe 4+ и ни се ептен кнап, планирав следново да земам 5ка. Е сега на систематски не измерија 7600, ама јас мислам дека сме околу 8 кг. 4+ се од 9-18кг а ни се мали веќе. Затоа не знам што да земам
Јас секогаш земам паковање со најмалку пелени за проба ... А килажата не ми е меродавна во однос на означените кг на пелените ...
Пробај ги, еве земи ги плавите ти, оние што се со поголемко дете на сликата, можеби примерокот беше од тие, а тие беа доста помеки. Па сподели како те бендисале.
Јас ви ги препорачувам BabyLove од DM. 72 пелени, 815 денари (5ка) ги земав и супер се, ни ја стегаат на мешето дека имаат ластиче позади и не пропуштаат воопшто. Претходно земав Бекутан, како поефтини. 650 денари 60 парчиња(5ка), ама ептен ја стегаа. Се линии беше.
А ти вака како искусен ни споделуваш дека тетра се подобри? Кога ќе изгледаш две деца со нив и ТИ да учествуваш во нивно перење, тогаш дојди пиши ни. Извини ако сум груба ама неможеш туку така да дојдеш и да ни кажеш на сите мајки дека сме мрзливи. Повеќе жени што изгледале деца на времето со тетра пелени ми имаат кажано дека еднократниве пелени се благодет за денешните мајки. Исфрлањето на газето ќе се случи и со тетра пелена ако го заборавиш укакано и помочано со саати, та дури поголеми шанси има за настинување со таква пелена отколку овие што упиваат и стојат суви. И наместо да го поминувам слободното време со детето, јас да стојам покрај шпорет и да кувам пелени.....ноу тенк ју!
Килажата е само насока, ама подолго бебе што тежи 9 кг и помало во должина со исто толку кг, сигурно нема ист број да носат.земи мало пакување за проба.
Да ве прашам нешто...два три дена забележувам на бебе кога му менувам пелена по неколку зрнца како сол околу...незнам што може да биде тоа? Си помислив дека може да е нешто од пелените? Или пак од урината?? Ќе се јавам кај педијатарот секако...само ме интересира искуство ..фала! Инаку користиме памперс актив бејби и *проблемов* започна баш со новово пакување...
И јас го приметив истото кај керка ми.И ние сме на актив бејби.Јас мислам нешто од гелот во памперсот да не е.Како да се кристализира ( ако воопшто има смисла ова) .
Да баш така...како кристали. Сега читав и на странскиве форуми дека многу често се јавува и од гелот е. И тоа најчесто кај pampers и huggies.
кој си има мува на капата он си вика ИШ, немора да се препукуваш со мене...твој живот што знаеш прави баба ми 8 деца исчувала кое со пелени кое без пелени, мајка ми 3 деца и сега ти се наоѓаш да кажеш дека ти е тешко да вриеш пелени на шпорет, па тешко ке ти е ке ти избега кафето и комшика ти, нормало по лесно ке ти биде памперсот смени и фрли, се разбира....поштеди ме од коментари доле...пииис
Мајкати гаките твои ги врие на шпорет?Изгледа и она аздисува од разгаленост.И место тоа да го прави уклучува машина за да има време повеке за турски серии.
Кога ќе земеш ти да менуваш пелени и да переш на шпорет тогаш дојди да коментираш во спротивно сувишни ти се коментарите за баба ти и мајка ти.Е тогаш дојди за да размениме искуства.
Може и без пелени не е пρоблем,ама в лето,сега ладничκо е. Пушти го голо неκа мочκа и κаκа во двоρ. Ајдеее бе,ти дечκо женет си? Не ми се веρува,тешκо κоја жена ќе ти се нафати со ваκви сфаќања. 21веκ,имаш слушнато? Алал да им е на мајκа ти и баба ти. Баба ми,κоја има 85 год.ги благословува тие што го измислиле пампеρсот. Многу подобρо е 4-5ч да стои детето водено во мешето(вρзано со најлонсκа κеса) отκолκу тие исти часа да си биде суво. @joy1 доκолκу има повеќе течност во пампеρсот(бебе мочκало повеќе) се κρистализиρа течноста и им останува на интима и ножиња,ништо стρашно.
А бре дечко, не ли гледаш дека си на грешна тема? Незнам само дали од инает ги пишуваш овие работи за да провоцираш. И сакаш да бидеш поштеден од коментари? Гледаш колку мајки ти реплицираа. Знаеме добро, и мајка ми и мајка ти, и баба ми и баба ти...сите исчувале деца со тие пелени зашто немало други, немале избор, а не зашто не сакале да испијат кафе со комшиката. Ама да користиш денес во 21ви век тетра пелени е како да речеме ти сега да не користиш компјутер туку дактилографска машина и дигитрон. Ете, те поштедив од преголем коментар
Верувам дека на денешницава има семејства што за своите бебина користат тетри пелени, има премногу социјални случаеви и не можат да си приуштат ... Како на пример додека лежев на гинекологија жената што лежеше до мене си носеше тетра пелени ама сестрите и се испоразвикаа , многу жално леле колку плачеше па маж ми и купи еден пакет додека е вболница да помини некако па после тие си знаат ги викаше оригинал пелени