Никад не сум броела колку пелени дневно трошам зошто ги вадам и сите одат на исто место од повеќе пакети да се луфтираат демек зошто на моево првите пелени од пакетот секогаш му прават проблем, црвенило, па изветреани подобро му е. Прашањето ми е колку пелени дневно трошите?
Ако ја чува свекрва и 10+ може да заминат. Требало, не требало и на еднаш помочкана фрлаат памперс. Инаку регуларно, градинка плус остатокот од денот со мене или во викенд 6-7. Ретко повеќе.
Пафис сензитив во моментов ги има во Рамстор 1+1 гратис. Ама и јас наредно ќе ги пробам тие од Стокомак. А Baby love колку се? Инаку и јас околу 6 пелени во денот. Не дека штедам ама се знае борба со плачки е преслекувањето, па некогаш пролонгирам. Едит: Сега читам дека мирисале ептен Babylove на мочки, па изгледа ќе ми отпадне таа опција.
Babylove oколу 450 се, 42 пелени. Ама мирисаат, да. Овие од Стокомак така некој мирис на мочки само, а Ваbylove нa гадно многу. Виолета , Пуфис, Лупилу , Бабилино ич не ми мирисат.
Мојот многу пие течности, па и често мочка. Има денови кога и по 10 пелени се трошат, во просек 8 рачунам. 22 месеци е
Мајки на машки бебиња Не знам каде грешам,дали е до мене или до памперсот? На машкото бебенце мн често му протопува памперсот и тоа од страната,некогаш лева,некогаш десна од страната па дури до мишката горе Дали треба некој посебен начин на ставање или памперсот му е мал? Не е секогаш така,а пак на девојчето не протопува. Користам слипи натурал бр.2 5 полни недели се.
Моево 6месеци па знае некогаш да пропушти. На почетокот кога викаа нагоре да му го ставам редовно беше мокар, а сега од страните како и кај вас ако не ја наместам убаво пеленката зошто се голем калап па ради тоа пропуштаат некогаш.
За момчето стално земај еден број поголем и нема да прокиснува и не го мести курето нагоре да не прокиснува.
Јас го кревам нагоре цело време дека така требало нели А и 2 ка се изнакупив за пусти тротинет ич не ми текна и една 3 ка да земам,ама ајде ќе се искориси секако 2 ката,летаат брзо памперси,дека се две,а за курчо се докупам 3 ка. Фала ви Мајки.
Koi gakicki da gi zemam, od koi ste zadovlni? Samo nekam Pampers. Ne sme koristele gakicki do sega ama da probam. So lav se boram i cela zgrada ja digame vo vis.
Sleepy bio natural гаќички користеме одмна само не се сеќавам дали од 3 ка почнавме или 4. Колку брзо де заборава
На машко бебенце к*рето се крева секогаш нагоре. Инаку на толку малечко бебенце сиг му протекува зошто му се големи пелените и широчки, не ти треба поголем број за 5 недели бебче. Купувај соодветно според килажата и пробај маалку постегнато да ги лепиш лепенките.