Јас сум задоволна од пафис сензитив, меки се и досега нема пропуштено пелена. Имаат двојка, по 88 пелени мислам беа во пакување. Има цело време акции и по аптеки и во рамстор и на акција се исплатат баш зошто одат 1+1.
Pampers pants ги земав денес на акција со гратис ноќни 91 пелена за 1000мкд, реално посоленки од другиве ама викам да пробам. За сега задоволна, испробани и со каки и не го спуруваат што ми е најважно плус не може да ми се бори на облекување
3че да, многу се израдував дека сите други од 4ка беа а имам бебе лав, море повеќе си личи на знакот - јарец само клоца ги стега нозете и како даска стои во воздух на менување пелена. 62 регулар и 29 ноќни (не знам која е разликата и на 2те пишува дека издржуваат до 12ч,може ноќниве се подебели) Супер се вака, лесно се местат лесно се соблекуваат имаат лепенка позади за фрлање уредно собрана, слатки се со разни животни, тенкички. Е сега дали се за до 11кг сомнително некако мало калапче ми се гледа, бебе е 7.5кг и во бутките му ги натегнувам малце потешко, простор кај газул има ама што знам. Ти се изнаприкажав, за сега сум задоволна
Јас ги користев порано, супер беа и тенкички ама после почнаа да ми пропуштаат (мали му беа касно сфатив) а за летно време се мислам супер. А се и поевтини,често на акција
Јас користам 3ка ама pure би земала 4ка, така што да видиш со поголемкиве дечиња ако користела некоја мама да ти препорача дали е 5ка
350 се на акција? Јас земав 2ка мини пред некое време, за во болница и почеток. Не дека нешто многу се разбирам во пелени ама вака коа ги отворив тенкички лесни и меки се. Баш ко што барав, мислам дека се топ за лето.
Ако се помал калап, мали ќе му бидат. Моето има скоро 12 кила, веќе некое време 6ка БиоБиа од Стокомак му земам, и тие се помало калапче и му се супер, 5ка и од тие и од Слипито му пропуштаа, мали му беа.