Некаде низ темите читав дека гелот е различно распореден или нешто слично. Демек кај машките напред, каде што е повеќе можноста за пропуштање. Така ми останало во сеќавање.
Има разлика, да. Кај машките подолга е пелената, напред е поконцетриран и гелот, за да собира повеќе и дава комоција напред на момците. Женските се напред потесни. Ова со гаранција, купив и таков и таков и мерев.
Нема споредба, Кан бебе се ужасни, тоа гелот се собира и се сменува пелената, ко да има торба меѓу нозе. А тоа што смрдат, што се ко да носи бебе улошка а не пелена е друго. Најлоша пелена убедливо е Кан, за мене.
Само во еден локален маркет ги наоѓам, на друго место не сум сретнала. За мене секогаш број 1 пелени ќе бидат Хагис, после нив во ист ценовен ранг не се лоши и Пафис. Во последно време ги користиме тие два вида. Не знам како се излажав купив сега на одмор Памперс Пентс и ептен ми се непрактични. Не можам да го задржам за да му ги облечам. Вака налегнат со некоја играчка полесно лепам пелена.
Хахах ќути и јас со тие мака мачев, кога ќе се уролаше под дупе иди крени ја нагоре со бесно бебе Мене па бекутанот ми се топ. Веќе 3та кутија од 90 ноќе не мрда 12ч денски каки мочки ништо ни мириса ни пропушта.
Пафис натурал или сензитив користиш и како се големина? Ние користиме 5 и памперс актив и хагис, сакам активот да го сменам многу тешко ми се местет.
Јас сум презадоволна од Слипи. Мали сме уште, кај и да е завршуваме деновиве со 2ка, почнуваме со 3ка. Пробав Виолета од родилиште ни дадоа многу ми се видоа дебели, Бекутан онака океј беа, Памперс освен што беа најгрди на изглед многу лошо мирисаа уште нови, а помочани одвратно Слипи никогаш еве не ми пропуштиле, плус имаме проблем со какањето, кака на неколку дена огромна количина, ни каки не ми пропуштија.. Купив Хагис 2че ама големки му се, пробавме две и стварно се поквалитетни и покомотни од другиве, ама се од 4-6, не од 3-6 како другиве. 3че сега порачав од Зегин на акција Бекутан 2х56 и едни Слипи Натурал па ќе видиме..До сега никаков проблем инаку со црвенила и слично, баш и педијатарот не пофали дека стакло му е газето
Исто и јас. Од враќање од болница веднаш почнавме со тие. Сега сме 3, земав за проба био натурал, досега беа натурал. Немаат пропуштено, нема црвенило малиот и супер се за тие пари. Други му немам ставано, другарка ми даде Бекутан, ама дебели ми беа.