Колку виолета мислам. Јас ги користам тие од 4 месеци еве го 13 месеци е, јас сум мн задоволна и не ги менувам. Единствено за ноќе ќе морам 7ка да барам оти се преполнува 6кава, летото убо беше дур потеше не мочаше мн сега се преполнува Пред 2 недели на акција ги фативме ако купиш во пар по 309 ден беа, 8 пакети купив
Бејбилино и Виолета 3ка дали се со индикатор? Памперс актив 3ка му земав пред некое време и немаат индикатор. Сакам да сменам иако ниту еднаш ми немаат пропуштено памперсот, ама имаат некој чуден мирис што ми смета.
6ка, зашто е малку помал калапот. По твоја препорака ги земав и не ги менувам за ништо. Стварно се многу добри. Не се за баш најмали за жал. Јас ко да имам и 3ка гледано, ама не сум сигурна. Дур не почнавме со БиоБиа, со Слипи од Зегин теравме, и зелените и жолтите беа супер, не пропуштаа.
Виолета + тие пелените од Кам (мене ми беа супер,плус пелените од Кам се ефтини за разлика од сите други пелени а се изводливи)
Видов слипи имаат некоја играчка за купени 4, знам се доста омразени овде ама да не има некоја мајка задоволна? Хахх видов имаат 3 4 видови различни
Sleepy bio natural. Меки и пријатни се. Од само раѓање ги користиме, сега сме 4 ипол месеци и да речам 4-5 пати ни имаат пропуштено на почеток додека се научам да ги местам како што треба. Сабајле кога ги менувам пелените од ноќта се преполни буквално од горе до доле мокри и тешки и еве гајле немаат не пропуштаат. Ова конкретно за bio natural, другите не знам какви се.
Јас користам слипи натурал, зелените и сум задоволна. За овие 5 месеци пропуштиле неколку пати ама кога не била добро наместена пелената. Навечер во 9 му ставам чиста пелена ја менувам дури сабајле во 8-9 зависи кога ќе стане и иако е полна не пропушта
Био натурал. Од почеток користевме натурал, био ми се подобри. Ретко пропуштиле досега, ако не е добро наместена оти синко толку многу мрда што местењето ни е борба Инаку, ние земавме тротинет, не е лош, ама кога ќе порасне.
Мајки ве можам препорака за добри пелени што не пропуштаат ама гаќички да бидат, околу 16кг е малиот. Последниве 2 месеци детево се шета со полни пелени од што ми е страв да го легнам да сменам, комшиите гарант мислат дека го тепам, башка што го местам добри 10 минути бидеќи во таков хаос побргу би облекла лав. Моментално ги користиме од памперс ама некако ценава не ми е како што треба. Убавина да ти биле гаќичкиве, два потези и готов е.
А какви се со дебелината? Сакам сега за кога ќе залади подебели, па се мислев пак да ги земам Бејбилино, задоволна бев. Ама ако и овие не се претенки, би ги зела. *Инаку за вие што користите Виолета - со 4 купени XXL пакувања до крајот на октомври (ги чувате фискалните) добивате детска постелнина во Зегин.
Здраво искуство со Violeta Maxi pack дали пропуштаат?На Ананас се на акција 160 пелени за 1919 ден се мислам дали да земам.
4ка од колку кг отприлика почнавте да користите? Сега сме на 3ка не проќиснуваат ама веќе му се под папоче и тесни во ластиците, 6кг е