Неможам да најдам, нит аптека нит маркет. Скоро бев во Рамстор, немаше на акција. Ако има некој проверена информација нека пише.
Рамстор имаа објавено до 40% на пелени. Ама колку им се намалени незнам. Пример Бејбилино, во Зегин се поефтини од Рамстор.
Do brojkata e i kaj moeto koga menuvav radi lastikot na butkite da ne ja stega a na polovina pogolemki i znaea da i propustat pampers premium care pa posle i aktive baby,jas sum pobrzuvala so brojkata pogolema izleze kaj mene
Многу дебели, 2ка ми донесоа на поклон и ај да ги потрошам го држам бебе и од страна капки осеќам на рака, не впива туку течи од страна, катастрофа.
Не знам зошто толку се омразени, за бебе користевме 4ка 5 пакети од по 120пелени добри беа ниедна не пропушти. Не мирисаат. Едина маана кога ќе се преполни е како влажна и топка цела, ама зборам 12ч+ ноќе (но не бил мокар)
Мислење за почеток какви пелени да купам? Мислам на бројка за почеток, првите денови и бренд? Читам, читам и никако да се одлучам. Мислев едно пакетче од Памперс, тоа што е од 2-5кг..
2-5 земи едно пакетче. Јас почнав со Виолета белите, а сега сме на бејбилино. И од двете врсти сум задоволна.
Памперс или Виолрта Котон мало пакетче 1ца. Ќе видиш колкаво ќе бебе, па после ќе со купиш 1ца ило 2ка.
Бекутан најгрда пелена евр, дури и од оние Лалин погрда. Се собира како тутки, помал калап имаат и се многу ружни. Башка му поцрвене газот на бебе. Ужас! А цел пакет купив кутија, будала.
И јас начекав на акција во Веро, пакување со гратис мало 513ден и ај купив. Скоро секоја ми пропушта од бут... а и јас приметив вчера една линија црвена како од жуљање да се направила на газе кај што има мишелинка... Мали не и се, 4ка земав.. баш и се океј. Тутки не приметив, кај ти се прави тутки?
Кај курето, кај што моча се прават како тутки од течноста. не да се распореди пример рамномерно низ пелената туку тука моча тука се праат ко тутки, цела пелена сува а таму надувано.
Разгледав во Зегин 7ца имаат од Бејбилино, Канбебе, Виолета 6ка или да земам гакички Пафис? Од искуство кои повеќе држат пелените или гакичките? Што би ми препорачале? Покрупно бебенце, досега користевме Памперс актив, па Слипи 7ца ама секоја вечер сме утоп…