Позитивно изненадена од Кан бебе. Или ги имаат сменето или не знам. Добивме на подарок едно пакување и тоа некое огромно пакување, малку ни се мали, 4+ се, ама многу се добри. Ниту осип, ниту мирисаат, ниту пропуштаат а се апла мали, па за дома ги користиме топ ни се. Еднаш и преспа со нив и стварно се предобри. Исто што приметив, каката во нив не засмрдува, дури некогаш ќе се упие не приметувам и не смрди. Не дека би ги зела пак, ама ако ми донесат на драго срце ќе ги користам.
Јас земав да ги пробам, ги смениле. Ептен се понежни. Ама калапот мал им е... Пафис сензитив 4ка ни е топ, а канбебе 4ка некако чудно и стои...
Користиме памперс премиум од сам почеток. Задоволна сум од нив со оглед на фактот дека бебе спие по 12 часа и не пропуштаат. Штом се правиме утоп преку ден секогаш зголемувам на еден број повеќе. Моментално имаме 5 месеци, 6 кг. и користиме памперс премиум 4. Со оглед на фактот дека воопшто не се ефтини, а богами не ја знам ни разликата од обичните памперс...али тоа купивме на почеткотокот не дека знам дека имало различни актив или премиум.. Сакам да најдам добра замена па би сакала да ми предложите други памперси. Благодарам!
Памперс актив ги земав нонстоп на попуст и испаѓаат слична цена како другите пелени. Немаат индикатор ама ми немаа пропуштено. Бејбилино земав дека памперсот многу лошо ми мирисаат. Сега за сега супер сум задоволна од Бејбилоно. И моево спие 12 часа.
Би ти ги предложила бејби лав од ДМ. Јас првите месеци ги користев памперс премиум, па преминав на памперс актив. Летово ги земав од лидл пелените ама цел се нафрла со црвенило, и во последен момент ги земав бејби лав и од тогаш ги немам сменето. Убави се, тенки и до сега не ми пропуштиле. Имам земено бр 2 скоро пред една година мирисаа страшно ( мислам дека таква серија се погоди тогаш); сега земав бр 5 воопшто не мирисаат, не пропуштиле и се со добра цена. ( и сладок дезен)
Овие се? За 6 кг. во ред е 5ка? Бидејќи негде читав коментари дека биле помали па треба еден број поголеми.
Тие се да. Моментално се со овој или имаат и друг дезен со мики маус и пајо паторот. Искрено не знам, можно е да му се големи.. има 4ка или 4+, 5ката е за над 10 кила, моето е 9.5 кила и му се малку големи скоро точни.
1ца од Памперс Premium Care веќе му правеа линии кај бутчињата и префрлив на 2ка. 2ката како ептен големи ми гледаат, прво се над папчето, и веќе две вечери со ред ни пропуштија од страна. Прво мочано, сега и каки. Цел душек лом го направи. Да се вратам на 1? Какво е вашето искуство? Или предлог други пелени? Изгледа бебе е измеѓу некое бројче и никаквата…
Нека биде постигната лепенката нема да ти пропушти. Според мене се најдобри пелени. Јас и за двете ги користев и сум презадоволна. Колку кг ти е бебе?
3800 беше на последно мерење. Од 1 бев ептен задоволна, не пропуштија воопшто. Овие 2ката како и да му ги ставам некоја беља имаме сигурно