Свиткај ги горе, да не бидат над папок, и нас на таа килажа кога беше и ги сменив на 2ка, 1от веќе ја стегаа. И еве свиткани и беа оке 2та. Не пропуштија ништо до сега. Иначе сега веќе и се таман, нормално ги ставам.
Ги виткам горе ама од страна кај ноџенцето му излегува, па ради тоа мислам дека овие му се големки. А ги местам исто како и 1цата. Ќе пробам уште денес со 2ка ако не ќе го вратам уште малку на 1ца. Фала ви и на двете за одговорите
Јас до 4,5кг терав со единицата. Потоа сменивме на 2ка. Мислам уште малку единица полабаво лепи ги и после премини на двојка, убаво кревај ги нагоре до газе, до кај што оди и после виткај кај папочето, јас така правам, да нема многу луфта долу. Инаку сум презадоволна, една пелена ми нема пропуштено досега, сите останати ги пробав, се пропушташе.
Јас од Бејбилав со Мики Маус сум презадоволна! На некоја од овде денес во ДМ и кажав сигурно дека овој модел се топ, да се јави која е.
Ги пробав јас мн се убави и не мирисаат и меки се ама претенки многу пропуштаат. Нема шанси преку ноќ со нив
Здраво мајки, ве молам за совет. Пелени за почеток земав на бејбилав 3 пакетчиња, внатре се 28, и едни на Виолета котон, внатре мислам беа 44. Дали ми се доволно како за почеток или да си купам уште неколку? И знам дека зависи од бебе, но одприлика колку време се користи единица пелени?
Ние единица на памперс користевме две недели, па се префрливме на двојка. Ама не купувај многу, не знаш како ќе му одговараат, да не фрлаш пари за џабе.
Значи да не купувам уште? Да видам овие што ги имам како ќе ми се покажат па тогаш? Цело време мислам да не останам некоја вечер без пелени дека немам претстава по колку се трошат.
Нема да останеш, ќе видиш кога ќе си при крај, пушташ маж на шопинг хахах. Ќе трча кутриот на почеток. Јас две пакувања единица потрошив, значи 100 пелени, пошо памперсот се 50 во едно.
Ние со прематурче, 1ца користевме 6-7 недели. Инаку доволно ти се за почеток. Ќе праќаш маж во шопинг секако.
Дај кажете асални пелени за машко дете. Не знам зошто ама Виолета секоја трета пропуштена му беше горе на стомче. Пак се вратив на Памперс, смрдат корнат. Не знам што е со пелениве дали нагоре моча, појма немам што се дешава, позади празна напред топка. Памерс мука немаат, не пропуштаат ама многу ми смрдат.
Сум приметила разлика во квалитетот на Виолета во пакувањата. Пример ХХЛ паковање знае да ми пропуштат пелените, а помалите паковања ниту еднаш во 8м.