Ххл паковање беше, точно. Бејби лав не ми се практични зашто од Зегин нарачувам онлајн, Бејбилино ги земав еднаш ама некако дебелки ми беа, може следно Кан бебе да пробам, па ако не бива ќе се вратам на Бејбилиното, зима е бек се дебели. Фала ви на сите
Здраво Предложете ми памперс кој е одличен за осетлива, атопична кожа. Користевме памперс актив бејби но пропушташе, земав виолета но од него се нафрла цело време сме со креми..Виолета користиме 6ка, бебе е 18м, па доколку можете предложете ми некој и кој број од тој памперс би бил најсличен на нашиов..Ви благодарам.
Не сме со атопична, но бебла има осетлива кожа во пеленскиот регион. Pufies sensitive ти препорачувам. Ние 8ипол кг сме моментално на 4ка.
И јас сетив дека мирисаат ама ај зедов повеќе па да ги дотрошам, а инаку добри се тенки и не проќиснуваат @Tea SK
Мене па повеќе памперс актив бејби ми мирисаат, од нив па цела соба смрди сабајле. Јас сменив дека 7 нема од нив иначе ќе продолжев со нив.
Првите 1 и 2 најзадоволна од Слипи Био Натурал, сега сме 4че, ги пробав сите можни брендови..Ама најзадоволна сум од Бекутан, иако тука се најругани Мене ептен ми се погодија, презадоволна сум и топ се со цена..Големите пакувања 90ки одат со подароци - мало пакување пелени, влажни, шампон итн.. Солидни се и Канбебе и Слипи
Јас почнав со Памперс ама некако беа мн големи за бебушот бидејќи се роди малку порано, па продолжив со Слипи…ем беа помали, ем многу поефтини и плус имаа подарок за купени 4. Сега сакам да пробам други, па се мислев меѓу Канбебе, Виолета, Бекутан. Најважно е да не пропуштаат.
По грешка ми доставиле од Зегин, наместо 4ка памперс, 3ка. Дали некој користи 3ка премиум? И дали ги сака, пакувањето е дупло
Пиши им маил, ќе ти ги заменат. Мене еднаш ми пратија мустела со спф наместо за пеленска регија. Одма ме контактираа после меилот и пратија истиот ден доставувач да ги замени. Е сега не верувам дека деновиве работат, најверојатно ќе почекаш.
Јави се или пиши на вибер на бројот за онлајн нарачки (во работен ден). Ќе ти ги заменат без проблем. Спојлер
Мене исто ми фалеше артикал, пратиле 1, наместо 2. Пратија накнадно без проблем, само маил им пишав. Во четврток е прв ден за достава, вчера правев нарачка.