Сонц подобро побарај упат за кожен лекар однеси бебе. Нас само не врткаше матичната и џабе ми даваше кортико коа има комбинации кои само кожен лекар може да ти ги каже стриктно за вашата состојба. Мелемот нема никакви додатоци кои би штетеле. Само треба да се нарача во аптека Вивалек.
Јас дома аптека направив, секоја крема ја купив, сите пелени ги пробав... Па и со пелени за перење стриктно теравме некој ден, вриев, пеглав... Еве од ноември навака сеуште доторошувам залихи од пелени што направив тогаш во ноември. А билошто да направиш неколку дена треба за резултат, а претпоставувам ко мене шљакаш секој ден различно и нема ефект...
Леле последниов период мојава еднаш дневно обавезно и протекува од сите страни. Само памперс премиум користеме од раѓање. Супер си беше од почеток, сега не знам што е работава. А три пати на ден обавезно ја полни пелената со кака, не е да има мака дека не оди па наеднаш да е повеќе. Ама и мојава напон ли дава ама.... Приметувам дека кога напнува повеќе, тогаш протекува. Ама ептен гласен и е целиот процес. Се мислам да ги сменам, ама па мислам дека поасални нема да најдам. Ми е страв да не ја иритираат.
Да смениш бројка? Колку кила има? Ние без разлика што немавме килажа сменивме после две недели на 2ка. Во обем големка е. Иначе исто и мојава, абе коа кака нема тивко, мора да се знае дека кака
На двојка сме подолго време. Пред три недели беше 5300, сега веќе кој знае, 5500 е мината сигурно. Не сме за 3ка мислам, рано е.
Е ние поголеми сме. Се мислам на 3ка да префрлам. Некако гледам кнап се. Ама да ги дотрошам, уште две имам. А и перидов пообилно и е какањето. Знам блиску сме со возраст ние, изгледа перидоов е таков.
Најпрво со канестен почнав 3-4 недели не помогна, па преминав на овие две креми, исто 3 недели веќе мачкам сигурно. За од горе прво мачкав со креми со цинк оксид, па сега мачкам Пенатен само, тој искрено и помогна, почнаа да се сушат и да се ронат брунките од него ама на препоните е уште како рапава, не и е мазно целосно. А мојава инаку уште кака по минимум 5-6 пати на ден, како новороденче. Ја мијам секој ден пред спиење газе обавезно, сега размислувам да не и е од купката, оти уште таа ја немам сменето. Инаку фала за советите, ќе пробам и со павловичева оти инаку ја одбегнував дека тешка хемија е, а ќе нарачам и од белградскиот мелем обавезно. Си мислам и уште еднаш на кожно да ја носам. Матичната и мене само ме мавта, јас своеволно консултирав дерматолог оти таа не сакаше да ме прати, наводно не било ништо.
Да ја оставаш подолго време гола, да се суши. Зошто габата сака влага. Видов еден reel на инста, бебето ставено на стомаче на пелена, горе облечено, долу голо газе. Жената си работи по дома. Ако дома ви е топло, ако имаш услови пробај. Можеш и со некоја пелена или кебенце да ја покроеш ама без пелена да лежи. Што и да мачкаш под пелена се ке оди споро.
Пробај Мустела 123, за пеленска регија, предобра ми се покажа мене и добар состав има без хемија. Користев и Веледа, Маст за потпарено, Канестен, Белогент, Афлодерм, секакви хемии и ништо не помогна. Ставам навечер и до сабајле супер газе
Мајки, искуство со пафис пеленките? Синко е 7+, од раѓање му користам памперс премиум и сум стварно презадоволна, два пати максимум ако пропуштила до сега и тоа сигурно не сум ја наместила добро, кај нас стварно се покажаа предобри. Е сега се е тоа супер, ама се доста скапички, ако не и најскапи моментално на пазарот. Сакав да пробам со пафис. Некоја мајка искуство?
Кое бројче користите? Мене 5ката премиум некако не ми е погодена. Синко е долг, јес да стиска нозе на местење ама навечер знае да протече како мала да му е. Се мислам и јас да сменам...
Нас ни се одлични. Сме пробале и други и постојано на Пафис се враќаме. Додуша и Пафис не се нешто преевтини.
Ние сме уште на 3ка, синко 8 и пол кила. Да го дотрошам ова уште некоја пелена и преминувам на 4ка, веќе имам купено 4ка.
Одлични. Обичните мирисаат малце повеќе на аптека, а сензитив се скроз нежни. Пафис сензитив исто се топ а и тие се почесто на акција.
Жени син ми е 20 месеци - тежок е 10кг и дури 700 гр хахах Дајте совет која бројка е подобро да ја земам. 4 кава за истата цена има повеќе пелени . користевме памперс актив супер беа ама ај викам поевтини виолета сменив неколку пакувања потрошив ама почнаа да прокиснуваат многу . 5 ка величина беа виолета од 11/25 кила ама некако како големи да му беа. сега сакам пак на памперс да се вратам ама величинава која да биде 5 ка мислам ќе му одговара таман .
Одлични се, често се на акција во Зегин, само не би ти ги препорачала гаќичките, нас навечер скоро секогаш ни пропуштаа.
Мојов е 8.800 ама 4ка веќе му беше тесна горе. Не е буцко мојов, ама долгичок е некако. И му ги ставам покомотни да му се доле. 5ката му е таман сега. Иначе @merriel0 ме упати во Жито се ептен на акција. Ако ти одг уште, 780 ден.