Хаха, мене 3ка премала ми се чини. Од 4ти месец баталивме 3ка. Како гаќи му беше тесна. Ама мајчинска проценка си е уникатна за своето дете. Баш пиши ако пробате пафис, во споредба со овие. И јас сум во план да сменам. Доста беше нежно газе
Па не сум сетила дека нешто го стегаат, нема црвенило кај рабовите и од таа причина терав со 3ка. А и слаб е, посебно во мешето, нема ни бутки, некогаш си викам од кај има детево 8 и пол кила. Јас одамна се мислам и никако да се решам. Ќе пишам секако искуство ако смениме.
Нема везе сонц секое тело е различно, градбата си игра улога. Мајка најубаво знае. Инаку еве баш денес ми стигнаа пафис обични, мислам најголем калап од сите пелени се. На ананас има акција на Пафис сензитив. А Зегин онлајн овцичката пак ја да даваат за обичните. @Lady Miami
Сакам да најдам пелена со убава шара, по можност сина боја. Ќе купам мало пакување, за сликање ми треба. Или платнени пелени за пливање со убав дезен, пред многу години купував од Лана Бејби, ама мислам дека веќе не работат.
Слипи за пливање се баш плави и со шари. 5ки најдов низ дома, не знам дали другите бројки се со друга шара. Ако имаш простор за чекање некои вакви Тему, може би ти одговарале https://share.temu.com/qxFLj8XSiuA https://share.temu.com/A0iIRvpgehA
Не работат Лана бејби, види во маппет кидс. Слични има на тие од Лана бејби. И во ДМ има платнени, ама зависи како ќе начекаш.
Мајки предложете ми замена за памперс премиум? Скоро три месеци се бебињата. Многу ми мирисаат лошо сакам да ги сменам.
Мајки ако сака некоја виолета 4ка имам големо паковање од 106 само неколку искористени. Цена 500ден, ново лисиче сум. Мали ни се нас неможам да ги користам
Жени дај кажете што да земам за новороденче. За Ќерками користњв памперс премиум напочеток. за син ми виолета котон премиум. Сега се мислам за памперс премиум, бејбилино или бејбилав од дм. на ананас гледам има акција на памперс две пакувања пелени од по 50 и влажни комплет 6 . Во зегин вака да ги земеш испаѓа 1760.
Земи си babylove ние тие ги користевме кога се роди бебето, преубави се и не се скапи секако по 15 на ден менувавме
И јас сакам да ги сменам. Памперс премиум користам сега, ама ми мирисаат многу лошо, на мокрача… гледам многу Виолета ги фалат…
Откако се породив пред 2 недели користам само бејбилав и за сега сум презадоволна, не пропуштиле ниту еднаш, а доста експлозии имаше.
Од кога почнавте да користите број 5? Знам дека зависи од градба на бебе, не само од килажа ама чисто ме интересираат искуства..ние сме 6+++ 7900-8 кила. Нагло се издолжи некако, претходно беше побуцко во мешето и бутките му беа океј, а сега му се она точни кон големки..односно, мислам дека ќе ги користиме уште многу долго.. Затоа, изнакупив залихи 4ки