Ако ме држи сеќавањето тек околу прв роденден на 5ка преминавме. 10,5 кг беше тогаш. Пафис во случајов, бидејќи Слипи пример се со помал калап.
Реално зависи од градба на дете. Ќерка ми од кога сменивме на 5ка, цела година веќе си користи исто. Сум зела и 6ки за проба ама реално нема потреба. Не трупај премногу во секој случај.
Јас купив за ова на бејби лове,ќе видам како ќе се покажат,за малата користев памперс премиум на почеток,па потоа памперс актив и до ден денес е со нив супер и се,ама сум пробала да сменам одма се нафрла од сите други памперси.
Моето бебе има големи бутки и 5ка користиме од 6 месеци, значи речиси 1 месец. До пред некоја недела користев Слипи и бев задоволна ама по препорака на другарка ги земав пелените од Стокомак и презадоволна сум. Не се дебели, не се дуваат само напред кога се полни, не мирисаат.
И јас денес сефте му стаив Био Биа 4че Голема му беше малце..инаку да, и мене ме изненадија колку се лесни, меки и со пресладок дизајн. Он ја истестира у првите 20 мин со кака и мочки и да не го држев у раце немаше да приметам не мирисаат воопшто
На пакет.мк има екстра попуст на памперс пелени. Има и на ананас, ама на пакет се поевтини. Јас си направив залихи на памперс премиум. @Feniksgirl ти користеше премиум.
Како бе 5ка? Огромни и се на мојава 5ка, а има и бутови и све, 9кг беше на 6м и 20 дена Што пелени? Може мал калап се.. Све што сум свртела периодов, све 4ки. Се излажав 5ка Пуфис земав, ОГРОМНИ се Се смеевме со маж ми, на средното девојче точни ќе и се
Користеше Sleepy, сега користи Bio bia. 4ка Sleepy ептен го жилеа на бутките, 5ка се таман. Јас имам внука 5 и пол години, моево има поголеми газе и бутчиња од неа.
Ама Слипи се помал калап од другите. Со цел број. 4ка Слипи, се колку 3ка Памперс, Пафис и слично. За Био Биа не се сеќавам како беа со големина, немам многу купувано.
Може, немаме пробано многу пелени. Слипи си ги користевме од кога се роди, земав едни од маалски маркет и тие тогаш одговараа со бројот што го носеше. Биобиа ги пробав од другарка, баш 5ка пробавме, одма му легнаа и земав такви. Други немам пробано, па не знам како одат. Како и да е менувам број кога ќе забележам дека го жилат и е црвен кај ластиците на бутките.
Незнам може мојата е многу па висока, ама има бутки и на 4ки сме. Слипи немам користено 4м сигурно, но мислам мал им беше калапот. Ама 5ка Пуфис и се огромни, јас и ставив и се залепи све, не прошушти ама се гледа дека и е голема. Сега Бекутан, Кан бебе и тие од Стокомак ги имам, 4ки сите. Наредно ќе пробувам 5ки, ако се големи ќе си ги чувам
Од кои гаќички сте најзадоволни? Земав бејбилов и ок се ама не за подолго, два пати пропуштија. Памперсот ги гледам дека се најскапи ама па и не знам освен тие две и на Виолета, од кои други има гаќички?
За тие што користат бејбилино, во Еурофарм се 517 денари, а со две купени пакувања даваат сет влажни марамици Babycare. Спојлер
По грешка сум нарачала Sleepy 7ка пелени, наместо влажни марамчиња . Не знам како стварно сум успеала тоа да го направам . Ако му требаат на некој нека пише, ќе му ги поклонам.