Помал е калапот од Пафис, така да ќе треба на поголем број да одиш. Ја период терам со Бекутан и доста сум задоволна. Купувам и други во спат, ама овие пакет зимам. Нит пропуштиле, меки ептен. Какано бебево, веќе јаде каши и асално мириса каката... а не пропушта ни мирис. Тек кога ќе ја соблечам, гледам какана. Чат-пат и ја ѕиркам дали какала зошто стварно ич не мирисаат
Јас бев супер задоволна од Пафисот ама почнаа да пропуштаат секоја вечер е мочан до врат , пробав ј бројче сменив ама џабе . Сега сакам да пробам други
Ќе испадне дека му правам бесплатна реклама на бејбилав пелените , ама стварно сум презадоволна. Навечер 12+ часа не ни пропуштаат, а син ми си мочка за машала. Пробај ги мајка ако не си ги пробала до сега.
Ќе ги пробам , со калапот дали можеби знаеш во споредба со пафисот какви се ? Да знам кое бројче да земам
Јас ќе се умешам, дека скоро се префрливме од Пафис на Бејбилав. Користевме бр.6 Пафис, и со Бејбилав продолживме со 6ка. За споредба, Пафис се помал калап и поплитки некако.
Мајки сакам да ги пробам кан бебе. Дали некоја ги користи да сподели искуство? Уште сме на памперс премиум, дали со броевите се исти? 3 користиме од памперс, дали да земам 3 и од кан бебе?
Кан бебе користеа во болницата во која се породив и искрено океј беа. Не ги имам купено за дома, исто користев памерс на почетокот, па памперс актив и сега ги користам бејби лав. За кан бебе ги немам купено, но кога и да одевме на контрола му ставаа таква пелена и искрено не изгледаа лошо
Ние сме цело време на бејбилав ама кога бев да купам само едно пакување имаа па од аптека земав и кан бебе за проба. Моментално ги користиме, добри се пелените. Навечер не ми текнало да ги тестирам да видам дали ќе издржат повеќе саати, ама ако сакаш и тоа ќе го видам и ќе ти кажам мајка.
Леле скроз сум се помешала, мислев на Бејбилино Се извинувам за забуната, за Бејбилино зборував, во споредба со Пафис. Бејбилав немаме одамна користено. @Butterfly30
Ако можеш пробај ги мајка. Колку часа навечер не менувате пелена? Сакам да ги пробам ама не знам која големина да ја земам, дали 3 или 4… Веќе некое време се канам да ги сменам памперсот, неделно по 3000 за пелени даваме
Виолета xxl паковање користам, и скоро цел месец ми трае, ако не бар три недели сигурно. Зависи кое бројче ама има доста пелени во xxl. Не менувам пелени навечер, сабајле кога ќе стане менувам. Нема потреба да будам и расонувам дете ради тоа.
Не будам и јас, ама ако спијат А кога не спијат менувам. Еве вчера пример ми се деси да сменам пелена, за 5 мин се искака и ајде нова. Обично по еден пакет на дете за една недела ми е, значи два пакета неделно… Нека се живи и здрави, ама не се веќе толку мали, немаат проблем со црвенило и слично па сакав да пробам со други.
Се случува навечер и по 12+ часа да не менуваме пелена. За вечер баш ќе му ставам од кан бебе и ќе ти кажам утре. За споредба со памперсот не знам, не сме ги користеле, ама во споредба со бејбилав, кан бебе се малку по плитки.
Мајка, ги пробав кан бебе за навечер. Не сменив пелена некои 8-9ч и не пропуштија. Добри ни се покажаа, можете да ги пробате ако сакате , се надевам нема да имате проблем и вие.
Од болница ми е бебето со кан бебе. Супер се нас ни се погодени. Пелена не менувам навечер и не и пропуштаат воопшто