Фала многу мила, купив денес и кан бебе и слипи. Слипи веднаш пропуштија, а кан не. Па ќе видиме како ќе биде Фала ти
Што е работава со памперс премиум. ни пропуштаат многу. досега со другиве две најдобри ми се покажале. И да е Преполна пелена нема шанси да прокисне. Со ова стално жива вода е странично ептен прокиснуваат. Бебе е 12 дена . Прво за во болница бејбилав земав и тие прокиснуваа ама не толку. ај овие реков знам дека се добри и на маж ми му е позгодно од аптека да купува од колку во дм. дај кажете добри пелени што не прокиснуваат. Се чудам со син ми машко беше па не прокиснувал вака кога беше новороденче.
Бејбилино. До сега 7 месеци, ниту еднаш не ми се случило да претече. Сега почнав и бејбилов и од нив сум задоволна. Кај мене поминува секоја пелена, што ќе издржи 12 саати цела ноќ. Да не се мали?
епа 1 е бројката . од 2-5 кила е. Бебе се роди 3200. на 25 март не пуштија 3020 кг. недела правиме две недели . до сега претпоставувам да е максимум 3500 кила ако качува по кило на месец. Не и се ни мали ни големи таман се мислам дека. Ќе ги пробам бејбилино да ги дотрошам овие.
зар е можно е да и се мали а мн бргу се полни пелената. еднаш да ја измочка и полна е. кога ќе и го наместам точно и одговараат дури како кнап некако. при крај е пакувањето ќе ги смениме со двојка. па ќе видиме како ќе бидат. ако прокиснуваат пак ќе ги смениме со бејбилино ќе ги пробам
Да, мојата и голема и долга се роди, две недели макс, кнап веќе. Сега сме веќе на тројка, 7и нешто кила има, веќе како кнап се, а се до 10кг. И ќе видам ќе побарам од другаркава 4ка, они се на 4ка, да ги пробам, зашто така долга е мојата, градбата и е таква.
Не гледај по килажа. Мојава пример беше цела со витки и зимав поголем број. Тие што би и биле според килажа, ја сечеа и кнап и беа некако.
Во Веро имаат некоја акција со Виолета пелените. Се собираат некакви поени и мислам дека со три купени се добива бебешка постелнина.
Од кога преминавте на бр. 3 пелени мајки? Ние сме на бејбилав двојче. Пишува дека се од 3-6кг а вака уште му се океј, не го стегаат и не му пропуштаат. Не знам дали да земам тројче, ама па да не му се големи. 5кг сме.
Ние сме исто, 2ка од обичните бејбилов а 3ка земав од натур малку и беа големки ама поминаа (немаше уште 5кг, околу 4500 кога ги купив) плус натурот не се со ластиче позади така да обичните би требало да им се точни веќе
Здраво.Дали можеби знаете каде можам да најдам од пелените Puffies 1 .На повеќе места барав,не можам да ги најдам
Уф многу рано, дебели бутки има хахаха. Ако не го сече и стега остави му ги, мене ептен ми се црвенееше кај бутките и и се правеа како засеци и ги сменив. Земи 3ка и пробај, секако ако се големи понатака ќе ги искористиш