Дали сте задоволни од Бекутан? Имаме користено досега разни, од ниедни немало проблем, Бекутан мислев дека се скапи, а сега гледам во Зегин дека имаат ептен пристапна цена, па сакам да ги пробам.
Има поделени мислења за Бекутан. Некои се задоволни, некои не. Јас лично не бев. Имавме добиено на поклон неколку пелени (примероци) од болница, плус од прегледи што бевме, ми делуваа како картон. Јас дали една искористив и другите ги подарив. Но пробајте ако можете некое најмало пакување. Имаш убава цена на бејби лав пелените од ДМ, тие се супер за лето бидејќи се потенки, исто така, на бејби лино но е доста по дебела пелената но се убави. Исто да видиш и на пафис и виолета (доста ги фалат во оваа група). И како последна препорака Био биа исто така ниска цена од Стокомак, презадоволни има во оваа група, јас лично ги немам пробано
Не ми се допаднаа воопшто. Кога ќе се измочкаше се правеа како топки, не се распоредуваше течноста убаво. И чуден калап се некако. Не ги ни дотрошив.
Престанаа да носат Бејбилав со Мики маус, не се истите пелени дефинитивно со овие другиве, ни прават осип и 10мин да седи каката во пелена, а не сум го приметила пример. И тоа страшен осип.
Фала! Бејби лав ги користевме на почетокот после почнаа да ми мирисаат, од Стокомак ги користевме и сум презадоволна од квалитетот во однос на цената. Бејби лино исто ми се многу добри ама се поскапи, а Пафис и Виолета немаме пробано поради што мислам дека се прескапи. Ќе прескокнам тогаш проба на Бекутан, ќе си земам пак од Стокомак.
За пафис може да се начека акција 1+1 гратис. Така доаѓаат поефтини од сите. Исто така, дали ги проба Sleepy? И тие се поефтина варијанта
Да пробаш со babylove nature? И јас користев со мики маус, после се префрлив на овие, задоволна сум. Само се малку поскапи од обичните.
Мене ептен ми се погодија ниту мирисаат, држат цела ноќ, кака не му се размачкува.. јас не ги менувам, не знам може 10 пакета потрошив од тие по 90 купувам други, ама на крај пак еве се враќам на нив
Ги пробав, само од нив не сум задоволна. Катастрофа. А за влажните марамчиња од Слипи немам збор, најубави ми се