Зависи од килажа најмногу, јас секад почнував со поголемо бројче пред да е некоја одредена килажа кога бил блиску, и да не го стегаат околу стомаче.
Дали може да и направам некој проблем ако и ги менувам пелените? Користеме бејби лов еко, ама за мекици добив слипи 1,2 и Бекутан, па дали е ок да ги истрошам и тие па после да си продолжам со тие што ги купувам? Секско после секое какање и менувам, а кака после секој подој За првото знам ми беше страв да и менувам, па ги исфрлав добиените на подарок, сега ми е шубе да фрлам знаејќи колку коштаат пелените
Ние веќе 2 недели сме со 4ка. Значи од 4ипол месеци. 3ката и беа тесни во бутчињата и и пропушташе доле. Е сега 4ка малце се широки ама ги стегам повеќе кај меше
Не, дефинитивно Јас сум ти жив пример што нема пелена што е достапна у државава што не ја пробав ахахах Памперс, бекутан, виолета, бејбилино, канбебе, бејбилав, биобиа, пјур бејби, хагис, молфикс, пафис, хелобејби, рефус од маалска аптека, слипи се живо земав Ниедна пелена не може да предизвика реакција ако редовно се менува. Повеќе внимавајте на влажни марамици тие праат иритации..оние кои се полни со парфеми, алкохол и глупости.. Само 99% вода, има на сите брендови
Фала ви, си направив филм од гелот внатре што асорбира дека може да се деси нешто ако се менува често Не користам влажни секако, ја мијам на секое менување или со вода и туфер ја бришам ноќе.
Голема разлика ли се со 3ка мајка или пошироки се малку? Ние 6кг сме, скоро 3 ипол месеци. Не дека не му се точни и комотни, ама сакам да знам па 4ка да не му се многу огромни. Се мислам дали да купам и да му ги пробам.
Колку кила направи цуцата? Ние на Памперс 4ка сме ама 8кг има, некако од 9 почнуваат, ама дали има везе и градба, не знам.
Понеделник сме на контрола па ќе видиме. Пред еден месец имаше 5600. Исто и овие на бејбилав се од 8кг или од 9кг ама па тројката и се мали па мораше да земам 4ка
Јасна кога беше ми рече нема врска тоа што пишува ако е кнап кај бутка мењај одма. И сега Козле кога ја носевме болна кога беше баш докторката ја виде рече поголеми пелени земете. И од тогаш почнав со 4ка