Земав две ама да имаме за летово. Скоро ќе идеме на спа на планина 4 дена, иако не знам колку ќе сака да се бања, а за Септември за море мислам дека уште истиот број ќе и е ок. Може некој викенд ќе испадне во меѓувреме ние да сме спремни
Јас денес нарачав од пакет.мк 2 пакетчиња за на одмор, ама 4/5 големина оти моево дете 8 кила е сега на 5 месеци, до одмор повеќе ќе биде.
Здраво девојки ми треба совет бебе навечер се буди на 3 -4часа и секад е помочано.Користев бабу лове пелени од дм претоа 0 сега 1 ,па почнав памперс премиум 1.Пие 90мл млеко .Сега е 3270 дали треба поголема бројка овие му се таман не ми изгледаат дека му се мали.И незнам дали е до пелените,дали поголем број .Преку ден е пуна пелена ама мењаме на 2ипол до 3часа.
Јас секогаш за спиење и ставам памперс премиум една бројка поголема од што носи преку ден. Моментално преку ден памперс актив бејби носиме 3ка, а навечер премиум 4ка. Убаво ја стегам и не и пропушта 12+ саати.
Ние многу брзо се префрливме на 2ка. Две недели користевме 1ца. Не е секогаш пелената според килажа, некогаш и обемот е, секое дете различно.
Бебка 2 вечери по ред после ноќно доење кака и пелената одма и прокиснува на грбот, но денски кога си кака не се случило ова. Дефинитивно повеќе количина ми изгледа ноќе, дека од попладне веќе нема покакани пелени само мочани ама сепак не е до толку за да протече. Дали значи дека и се мали пелениве? Користиме памперс 2 и еве земав 3 да пробам ама голема разлика во килажа, двојкава се демек до 8 кила а она е 6 и нешто
Ние сме 6ипол кила со 3ка да го завршам пакетов ќе идеме на 4ка. Земи си 3ка, не гледај килажа до формата на телото е, кај мене на бутките и се тесни овие веќе
Веќе кнап ни се бејбилав 3. Да дотрошам што имам па треба ново бројче. Па ме интересира, има ли голема разлика од 4 и 4+ ? Да знам дали да одам дирекно на 4+ или да почекам? 4 веќе имам земено, му ги пробав и супер комотни му се.
Од колку кг преминавте на 4ка? Планирам бејбилав 4ка да му земам, уште e на 3ка Пампеpс пошто не ми е успат Дм да земев 3ка да пробаме па пак земав од Памперсот.
Последно кога го меревме беше 6 ипол кила, ама ова беше пред 10тина дена, може и 2 недели мила. И тогаш му беа веќе кнап 3ка, но да ги дотрошам за денски добри се уште малку. Ама за навечер еве од вчера му пропуштија, што никогаш не се случило на точно бројче. И плус навечер пелени не менуваме над 12ч. Ако сте тука некаде со килажа мислам ќе ви бидат ок.