Имам Babylove premium 1, ама последниве пати е цело време измочан на алишта ама горе над ластикот. Дали јас не знам да ги местам како што треба или не му одговараат.. не знам со кој да ги заменам
Истото се дешаваше и кај нас сменив со памперс премиум и задоволна сум не сме измочани држат пелените и повеќе од 5ч.
Инфо тие што користат Виолета.. Лево се 4ка 8-14кг, поголеми и со индикатор, десно 7-14кг.. Плус на екстра попуст во Зегин
Од кога сменивте на памперс 3ка, на 2 ка сме премиум, моментално мислам има 4.9кг , да знам сакам да купам има онлајн на ананас нешто а имам дома едно пакување 46 не отворено. Ми е страв дане и се мали 2ката или мн големи 3ка...
Индивидуално е до детето, јас не гледам на килажа. Моево е многу високо и има бутки, моментално носи 4ка ама уште ова да дотрошам и преминувам на 5. Околу 3 месеци мислам дека преминав на 3ка пелени ама кратко ги носеше.
Земи си 3 ка ако и е голем ќе земиш 2 ка а овој секако ќе го стигне а ако е мал 2 ката што ќе му правиш. Јас така почнав да се водам
5ката се многу долги, иницијално за поактивни бебиња за да собираат повеќе мочки и какушки да не им допираат до газето. Барем јас тие што ги имам пробано... Те ги преклопував, превртував... Ние веќе 4 месеци идевме 5ка па 4ка па 4+ па 5 па 4+... И на крај прифатив ќе и биде смкната пелената... Конкретно зборам за Пафис, Бекутан и моментално користиме Бејбилав зошто со сите други се спуруваше.
Ќерка сега е 73 сантима, доста долга за возраста и има бутки, 4ката веќе како да ја стега малку и се познава линии кај рабовите. Инаку ние сме со памперс актив преку ден, 4кава и е до под папок како што треба, 5ка имам премиум за спиење ноќно и тие и се под папок само морам повеќе да ја стегнам на лепенките. Сега периодов преку ден многу пие вода и доста мочка, ама не пропуштила.
Машала ❤️ Е чим има линиички од 4ката менувај. Само должината на 5ката за лазење и паткање е мн ружна... Чисто совет пробај ги бејбилав за преку ден, поубаво ќе и е ептен се нежни, барем за преку лето. Инаку прашање, што правите со останатите пелени, на пример. Имам цел пакет слипи 4ка гаќички отворени, памперс актив 4ка останати, пафис цел пакет 5ка отворен што не го користам... И други мали бројчиња останати по десетина пелени.... Обично или кај моите сум ги заборавила, или дома.. или сум ги џитосала по некоја фиока... Не ми се фрлаат, може на некој ќе му вршат работа, но на кој?
Ги користев едно време за ноќно спиење, може да ги пробам пак бејбилав. Инаку можеш да ги објавиш по групиве на фејсбук труднички и соба за доење/ад, може ќе се најде некој од Скопје што му требаат да ги поклониш ако сакаш.
А од кај се? Од кој град се, маж ми нешто ќе оди накај Велес па може да помине да ги земе ако се од тој дел некаде.
Кавадарци и Неготино пишува на веб дека имаат локации, не ти се исплаќа поише нафта ќе потроши од карго што ќе ти земе.