Бејбилов користиме 5 ка. За пантс да земам исто 5 ка или бројче поголемо? Ми се плаче на секое менување пелена.
Исто сме на 5ка бејбилов пелени, ама гаќичките 5ка му се малку кнап. Јас би те советувала 6ка да земеш да видиш како ќе се.
Што е бе ова со менувањево пелени кај сите, мислиш ја колам човече… па тоа превртување па и солзи крокодилски што сум ја легнала..
Сега и ставив пелена стоечки. Гола ми стануваше, плачеше, солзиии мислиш ја колам. Што не и дадов да се занимава, ништо немаше ефект. Ај на мочано ќе средам некако, ама кога е какана…
Кога е какана имаме шлапање по некоја нога, пола подлога, уште сме немале рака, ама натака иде изгледа
Како сте задоволни со Памперс Премиум гаќичките? 4ка користам обични памперс премиум, да земам 4ка и гаќички? Дали исто добро држат како и обичниот памперс? Мојава се научи да ги одлепува пелените. Фустан не доаѓа во предвид да и облечам, пелените се одлепени за 10 секунди. И преку алишта ги одлепува... Кога и менувам пелена, и дури да ја облечам по 3 пати ги одлепува.
Денес напредок имавме освен што стега нозе па се врти и не дава да ја залепам, сабајле само што го одлепив памперот си ја пикна раката доле да се чешка, цела среќа не беше какан. Октопод треба да станам да ја упазам Сеа кога ја прочитав @LadyR лошо ми стана.
Леле мислев само мојата се чеша на дундето. Денес какана се зачеша, тоа беше хаварија, добро што не ја пикна во уста раката.
Колку пати и ја имам раката бришано ехее. Кога и да одлепам памперс, раката право долу и оди. Не знам ни јас, ама ќе се одлепи и нема да ја видам, па цела испомочена за брзо леле.