За мекици добивме виолета единици памперс две пакувања… од раѓање сме на памперс премиум и за сега одлично ми се покажаа, ми е страв да ги почнам да не се деси некоја беља па ми треба искуство кој ги користи дали да ризикувам да отварам пакување или да ги поклонам, никој околу мене од другарки не користи виолета, страв ми е од подпарено или исфрлено газе до сега сме стакло супер се држиме со чисто газенце и дунде без никакво црвенило / месец дена сме
Јас користев со малиот памперс актив бејби откако видов дека нема кај нас разлика со премиум. Виолета имам земано, слипи исто, никогаш немал мака. Пробај од еднаш сигурно нема да развие кој знае што, сепак се пелени и ги користат за бебиња..
И јас вака исто ко тебе добив виолета на поклон, а користев памперс премиум. Си го искористив поклонот и после пак си купив премиум. Бебе не покажа реакција. Ама нема осетлива кожа моето, нормална има, досега од ништо се нема ни исфрлено ни потпарено.
И јас добив и на памперс премиум сме, не ги пробав тие. Сакав да ги подарам никој не сакаше и еве така си седат.
Јас имав вака подароци и влажни и пелени, ги однесов во црвен крст. И уште се чудам зошто подаруваат пелени луѓево.
Зашто некој нема, затоа. Ама ете немам до тој степен во околина. А не ми текнало искрено на црвен крст. Ќе ги дадам таму.
Не бе мислев зашто на мекици пелени, освен ако знам точно кои ги користат подобро тропка, глодалка, лигавчиња за таа сума.
И јас се чудам на ова.. кај нас среќа тие неколкумина што ни донесоа пелени ни ги погодија Памперс премиум, па првиот месец не купивме ни едно пакетче
Освен пелени, што можам друго да користам? Почна да си го откопчува сама ромперот и пелените на земја...ќе направи некоја беља..
Ѓакички пелени. Потешко се кинат. Земав од Дм бејби лав. Овие немат врска со пакетот кој беше со Мики Маус на Дизни. И виснуваат чудно на едно мочкање. Материјалот како ќеса. Мислам дека едно време имаа многу по фин квалитет.
На Sleepy гаќичките се врв, моето носи 5ка бејбилав пелени, ама и од нивните и од на Sleepy гаќичките носиме 6ка.
Каде ги има Sleepy? И мојава носи 5ка бејбилав па тоа ќе прашував, од гаќичките кое бројче да би земала..