Јас користам виолета нема мака до сеа. Ама 1 ца и се мали веќе сме на 2 ка. Не знам дали ќе ја соберат... Инаку барам поефтина варијанта ,која цена се бејби лов?
4+ земи. 5 ка мислам ќе бидат големки. Ние до 4 ка, имавме период на 4+, се додека не и претече мочка, па сменив на 5 ка.
Ќе се замешам, извинете. Скоро ич нема разлика меѓу 4 и 4+ , ама има разлика од 5. Доста поголеми се. Можеш слободно да и ставиш 4+ , покомотни ќе и се. Ние сме на 4+ може месец дена, а 4 искористивме само 2 недели пред да забележам дека скоро никаква разлика немаат, барем кај нас така се покажа. Кога ќе протече 4+ навечер, тогаш ќе сменам на 5.
ама па мене ми се виде мн разлика меѓу 3 и 4. 3ката ја стегаат во бутките ама во мешето и се таман, ама 4ката одма протече зошто мн широка и беше. и сеа уште ја шетам со 3ка, гледам да не ја стегам многу да не ја реже...
Мојата е 9,8 кг , висока е малку а стандард пелени користиме 5ка на babylove premium. па се мислам која величина е подобра
Зошто тешки? Единствено потешко ми било ако е веќе мокра кожичката на детето па да не иде нагоре лесно, инаку не
Па што знам некако тесни ми се видоа M иако е 6 кг, особено во пределот со бутките Јас искрено купив едно паковање, го потрошив, и продолжив да ја бањам во обични пелени. И така е многу мала, во раце ја држиме за бањање, не е дека плива па ќе ја завлече надоле пелената
Јас користев на Слипи 4-5 и Бејбилино (купени од Грција тие) исто 4-5. Убави беа и двете, само Слипиво се ептен сина боја Мојата е 10кг.