И јас мислев така таман е ама по препорака од други членки сменив на поголеми памперс премиум и немаме гајле од тогаш. Од 7 кила веќе сме на 4ка
Мајки какви пелени за бањање да земам од кои сте задоволни? И не ми е јасно со бројкиве, ако носи памперс премиум 4ка колкави треба да земам од тие за бањање нешто не ги разбирам
Земав денес 3ка baby love околу 5кг треба да сме па ќе следам како ќе ни оди еден куп покакани бодиња оваа недела имавме со 2ка памперс премиум
Баш кажи како ќе ти се покажат и дали ќе си задоволна. Ме интересира дека сум им најголем фан хаха. Камо среќа да видат колку ги фалам тука па да си окркаме некои пеленки гратис.
Ако одиш во Грција има во лидл на бејбилино и на памперс гаќички за бањање, инаку мене општо секогаш тоа што носи пелена +1 бројче земам гаќички. Моево носи 5ка пелени, 6ка гаќи.
Тенкичкиии и ноќе нас не ни издржуваа, плус горниот слој им е како најлон, не дека имаше нешто ама не ми се бендисаа, па се вратив на памперс, а тие ги однесов во градинка, таму секако на секои 2-3 часа ги преслекуваат, па нема шанси да прокисне. Сега си ја задржав шемата - Бејбилов за градинка, памперс за дома, поефтино ми испаѓа.
Поголем фан од мене нема, за второ дете ги користам Минатата недела пазарам во дм, не сакам да кажам колку излезе сметката, меѓу другото и џамбо пакување пелени, некое тропки и глупости на бејбилав. Од тие кутиите со житарки на бејбилав исто, детево големо многу ги сака нивните штанглици со овошје. И на каса жената ми вика еве, торба ве следува гратис со над 500 ден производи на бејбилав. Си викам јас секоја втора недела грдни пари оставам во истиов дм и не рекоа еве едно пакување пелени гратис. Торба бе. @Baby warrior одамна сте биле вие за поголем број, не се води по килажата што ја пишува. Мојава е 5 ипол месеци, а сигурно еден месец веќе е на 4ка, од 7 до 14 кг. Тогаш немаше 7 кг. До 3ка некако брзо ги растат, потоа од 4ка нагоре поспоро оди менувањето бројче.
Ја па глупава по амбалажата се водам 2ка памперс / 3-8кг а сабајле ја соблекувам кај препоните линиички ја стегале бе а ја си мислам така треба демек од ластичето
Моето се збуцка 6+кг сме, сменив бејби лов до 2ка со нив бев, а и јас зедов 4+1 памперс премиум 3ка од ананас клик бум трас хаха, грешка голема, ќе сменам сега во една аптека за 4ка иста цена се ама се нервирам. Ги лепам на крај а и линии на бутчињата и се прават а уште 3 имам цели. Значи 3ка најмалку се троши.
Мене ми пропуштаа и како помала и сега. Прееска во количка како успеа незнам, низ пелена од страна цела мочка. Пелената малку мочната, количката лом И каки пропуштаат. Ама па сега не ми се ризикува дека осип ми имаше, не ми се менува. А и дека се тенки, не потат... за лето се супер. Почесто менување и тоа е тоа. Инаку мојава од 5ка се врати на 4+... Истенчи бутки, се издолжи, плус што од сабајле до вечер е активна, лази.. шета фатена по каучи, ѕидови. Ќе стане како сестра и, манекенка
Користевме бејби лов 3, но мали и се веќе. Има 7200 кг. Зедов 4, и ставив вечерта и се и пропуштило назад. Тие се големи. Има многу нежна кожа и пазам со пелените. Не знам кој други да и земам да и одговараат на килажата.
Ние со таа килажа памперс премиум 4 користевме и се уште користиме, супер се за нежна кожа не сме имале никаков проблем и само кога и беа мали ни пропуштиле иначе гајле нема
Ние и купивме..ај се супер, не ги соблака, ама кога се покака..ауу и јас по раце лом и неа по нозете ја направив вадејќи и ги гаќичките...како се снаоѓаш полесно да и ги вадам да не се прави лом?
Ах, како е збесната моментално, почесто менување е поим за мене во моментов...па тоа е цела борба прво додека ја кандисам да застане на едно место, па додека ја слечам, па облечам ооооо единствено е мирна над кадичка додека се мие, штом ја види крпата вреска мислиш ја заклав! Колку слатко се насмеав извини Мојата е палава и не сака преслекување, па јас прво и ги облекувам новите до над колена, потоа ги кинам од страна старите и одма е полесно...мора да се снајдуваме
немај гајле, нема зошто извини, и двете бевме комедија расшлакани, се смеев и јас ее па затоа и барав замена за пелените, иста е и мојава, сама си ги одлепува пелените и гаќичкиве се спас добра идеја е твојава
Почнавме со памперс премиум 1 Бебе беше 3.460 и моментално 3.680 Му прикиснуваат по страна, секогаш е воден навечер. Дали е до тоа што му го подвиткувам кај што е папочето или јас неубаво му ги ставам, или не ни се погодија ?