Тие што користите бејбилав пелени, од кој број почнавте? Јас земав 1, од 2 до 5 кила, околу 3 очекувам да се роди бебуш, ама земав само 1 мало пакување, за некој ден. Се мислам уште некоја пелена да земам, ама сакам исксутва вие што користите, од кој број почнавте..
Доста ти е тоа пакување за почеток. Ќе пратиш како одговараат на бебе, дали стега или не. Килажата на бебе ќе ка знаеш кога ќе се роди, па според тоа ќе докупиш.
Јас да потрошам залихи и ќе идам до врање овој пат по нови вајда и таму во лидл има исти пелени не само во грција .. Мислам дека од 4ка наготе имаше џамбо паковање незнам кој број носите
Син ми 3 кг се роди и истрошив околу 3-4 пакувања од бејбилав 1. Ако добро се сеќавам 2 се многу покомотни, па после истрошените пакувања преминавме на 2 и му беа многу покомотни.
Ако правите мекици рачунај дека ќе добиеш и пелени за поклон. Јас само едни имав купено после се од мекици користев дури и ми останаа неискористени некои од што се збуцка бебе
5 ка носи. Ама немаше во тој Лидл што бевме. Може се потрошиле. Ќе идам накај Врање, ќе видам дали има.
Majki, prodavam pampers Can bebe br.2 poradi toa sto ne ni odgovaraat. 3 ipol paketi odnosno 182 peleni (realna cena 1690den.) Cena: 1100den.
Се спремам полека за второ бебе, и немам идеа со кои пелени да почнам. Со првото понавме со бејби лав па брзо прејдовме на памперс премиум, меѓутоа и двата бренда ни претекуваа… тоа траеше се додека имаше многу течна столица како на новороденче нели. Кои памперси ви се покажале најдобри за почеток?
Ние сме 5ипол месеци, ги користиме баш тие пелени (90% памперс премиум и 10% бејби лов) и ми пропуштиле памперсот само еднаш, кога се покака сабајле на полна пелена од цела ноќ… Да пробаш пак со нив ама види за големина ако смениш дали ќе биде подобро?
Значи сепак тие се најдобрите кај нас, мислев некои скроз трети да пробам ама ќе си тераме со тие изгледа. За големи изборот е полесен, супер задоволна и од Виолета и од Бејбилино сум ама за новороденче појма немам
Со Слипи почнавме и на почеток протекуваа ама на моево дете и 1цата и беа големи. Прематурче е. После сме немале мака. Инаку најчесто и најдолго земам Пафис
Памперс премиум се за мене најмеки и најиздржливи. Едно време почнаа да минпротекуваат ама сфатив дека сме за ново бројче поголемо и јас сум ја направила бељата, детето си растело За лето и baby love пробав ок беа, некогаш преку ноќ сабајлечки ми пропуштаа мочка горе кога ептен беше мочкана повеќе од 10h, со pampers premium не се случило само бројчето да е ок
Ова 10 часа и повеќе од 10 часа ви било ноќе? Зошто, реално, греота е 10 часа да седи во измочкана пелена. Јас го оставам преку ноќ последниве 2-3 вечери, што е ококу 5-6 часа во една пелена и се мислам дека е многу. Ама само така може да поспиеме малку.
Ќе почнам изгледа пак со нив или бејби лав не сум се одлучила хаха Бев сега по маркетиве ама нигде не најдов Пафис 1, да не знаеш каде ги има? Ни во Еурофарм немаат
Колкаво е бебето? На почеток кога не знаеше ден-ноќ и какаше на секој подој да речам, станував и нсвечер го преслекував. После тоа не, ставам во 20ч после капење и менуваме сабајле во 7-7:30 зависи кога ќе стане. Да напоменам само дека сега во спиење не кака.