Ние не менуваме пелена ноќе, ставаме пред спиење, менуваме сабајле. Не ни протекло ноќе, а не и направило ни проблем некаков на кожата. Ако се пресоблакаме и се расониме, 2 саати играње среде ноќ не ни бега..
Ни јас не менувам ноќе од некои 3 месеци, многу често се случува да е полу сува пелената насабајле, а првата да ја измочка одма и тоа количествено. Не ни познавам некој што мења пелена на поголемо бебе во сред ноќ, не какаат веќе ноќеска.
Како растат и почнат да преспиваат ноќ и вие нема да сакате да менувате, затоа што ако се нафатите да менувате само ќе го разбудите бебе плус пелените се направени да издржат толку време со мочка (ако е какано нормално би пресоблекле, ама не какаат навечер кога се поголеми)
Секако навечер. За некој ден правиме 4 месеци, навечер не ја будам за пресоблекување во ниеден случај. Не кака навечер само мочкање. Преку ден регуларно менувам пелена на 2-3 часа или веднаш по какање.
Исто и јас, кога прекина да кака ноќе прекинав да и менувам пелени ноќе и тера до сабајле без проблем. Ептен некогаш знам да сменам кога ќе се расони во 4 и ќе игра и нема да сака да заспие. Тогаш и менувам дека е веќе скроз расонета и си рачунам дека ќе се нервира уште толку на заспивање ако и е полна пелената.
Околу 2 месеци беше ќерка ми кога престана да се кака ноќе и од тогаш не сум сменила ноќно време памперс. Пред спиење ставаме, наутро вадам. Што пиша некој се случува ноќе и еднаш да е помочкана само, па голема количина наутро од кога ќе се разбуди.
Намалени се Стокомак ако некој ги користи. Моето ги користи од 4 месеци се до сега (2 год и 2 месеци).
Како си задоволна од бејбилав гаќичките? @BellaBibi Ако добро се сеќавам знам пиша дека ги користиш. Не менувате навечер пелена нели? Битно ми е да држат 12ч барем како пелените , јер менување пелена веќе стана немогуча мисија хаха.
Ние ги користиме коа протестира мојава, или по надвор ако сме обавезно, не се замарам надвор пелена да менувам уште бебе бебе коа беше. Гаќички секогаш треба да земеш поголемо бројче. За спиење, секако не мочката навечер веќе, инаку помалку држат заразлика од пелените
Фала ти. Ќе му пробам тогаш за преку ден гаќички да видам како ќе се покажат, а за да не ми пропушти навечер па ќе му ставам пелена.
Мене не ми се свиѓаа, многу се тесни во долниот дел и лабави некако. Ние од 5ка се префрлиме на виолета, презадоволна сум. Многу убави широки кај газето цела ја покриваат и ниеднаш не ми пропуштија до сега. А бејбилав почнаа да ми пропуштаат како почна да станува поактивна преку ден стани седни и се почесто мокра беше околу бутчињата..
Едно глупо прашање од мајка со прво бебе како да знам кога да и сменам бројче? Тројка користиме - 4 месеци полни Наредна недела ќе ја мерат со вакцината немам поима колку кила е на крај на август беше 5.500гр и тогаш почнав 3ка памперс премиум изглеа како да ќе треба 4че од неделава. Единствен репер ми е дека потешко ја залепувам и внатре тие заштитните зеленки делови како кнап да и собираат газенце. Денес и пропуштија лом се напрсви какана па ми светна дека не знам кога да мењам бројка
И ние користиме памперс премиум 3ка, бебе е околу 6500г. Обично менувам кога гледам дека го стега кај ноџињата