5ка кога сменивте? Над 8кг е, не му пропуштила 4ката ама гледам во бутчињата како да го стега. Да земам 5ка па да не се преголеми
Уште сме на 4ка. Паднавме на килажа заради бактерија, па 9 и кусур кила сме веќе неколку месеци. Плус ние сме многу долги, се во висина одиме.
И мојот е долг и мислам допрва само ќе издолжува, а земам од големите пакети 104 пелени затоа не ми се купува 5ка а да не му се огромни не ќе можеме да ги потрошиме.
Мојава од 9м навака стагнира на килажа.. 10кг. Сега е 14+ и сме на 5ка. Едно време тогаш помала земав 5ка дека 4ка кнап беа, па по некое време се извиши.. нозе ослабеа и се вративме на 4ка Скоро уште трошев 4че, а сега веќе 5ка. А надежна еднаш (за точаче едно), земав 6ки Слипи Тие мислам нема никад да ги стигне како што тргнала накај манекенски став
Слипи се помал калап. Не знам дали ти се отворени ама на ќерка пример и чинеа 5ка Виолета, Пафис, Бејбилино, а 6ка Слипи. Едит: додуша некаде околу 12-13кг беше кога и ставав од нив
Ќе ги отворам баш.. имам и обични пелени, а и гаќички. Па ако не друго, за навечер ќе и ставам. Она до душа не моча навечер ич, ама сабајле си мочка како ќе стане. Па ќе ги користам за така... Сега има накај 10ипол кг.
Јас сменив на 5ка на 8 месеци полни, нема 11кила јас воопшто не ни гледам килажа кога мењам бројка, ја стегаа 4ка и кратки и доаѓаа.
Мајки тие што користете бејбилов, дали ви прекиснуваат навечер. Користеме 5ка, беба е 7700 и дебелка е во бутките . Преку ден се супер но навечер кажи речи секоја ноќ проќиснува. Не беше случај со помалите бројки но сега со 5ката. Незнам дали да сменам навечер други
Ние сме 9500гр и користеме бејбилов 5ка, не пропуштиле навечер. Ама за брзо мислам да му ги пробам за навечер 5+. Пробајте и вие со 5+ , па ако ти пропуштаат и тие со 6ка да пробаш, ама да не ви бидат па огромни.
Може да земам 5+ само за навечер да пробаме. Му ја менуваш во текот на вечерта или ? Јас не и менувам, пробав неколку пати се расонува и после седе будна 2часа
Нее, какво менување, ќе се расони. 12ч не му менувам навечер и супер си држи пелената. Пробајте со 5+ , мислам дека нема да имаш проблем.
Јас користев бејбилав до 5ка, и мене тогаш почнаа да ми протекуваат. Дадов шанса и на 5+ ама истото. До тогаш немав никаков проблем. Сега ги сменив на виолета и сум презадоволна, ниеднаш не пропуштиле. Ако ти пропуштаат пробај со виолета
Дали е до 5ка проблемот? Мочкано добро држи, ама ете пред некој ден каките ни пропуштија, ептен заборавив да спомнам. Е сега, не знам дали има врска што сѐ многу активни, ама пред тоа ни каки ни ништо не пропуштиле. Па си викам да не му се кнап 5ка, па земав и 5+ да пробам како ќе биди. Само еднаш пропушти ама сепак, да видам како ќе биди со 5+ .
Исто 5ка и земав виолета ама веќе сме на 6ка, дебели бутки има.. Не знам дали е до 5ката само проблемот..