пробај стегни ги повеќе, еве и ние сега сме мегу 5ка и 6ка (премиум не актив ама верувам слично е) и може и со двата броја да тера ама 5ката и прават мали линии како да ја стега а 6ката ако не ја стегнам ептен пропушта
Разочарана сум од гакичките Памперс актив, мислев полесни се за ставање ама мене ми се потешки . За преку ноќ дефинитивно не се, ноќеска му пропушти.
Ќе ги уходаш, полесно е, или барем мене ми е по раат оти од пред 3 месеци ги одлепува прашање на време беше кога ќе најдам патека измочкано по станов Обичен нема шанси да залепам веќе без да се испотам, додека го наместам ќе се сврти, ќе залепам од една страна она е тргната, ајде легни ја пак, таман да залепам пак е на колена.
Откако се префрливме на 5 и 5+ бејбилав некако како да не се тие пелени од кои бев презадоволна. 5 ни пропушти неколку пати. Ок сменив на 5+ . Еве пак ми пропуштија и тие. Нешто проблемот со бр 5 е изгледа. Дека до сега немав никаков проблем. Ќе му дадам шанса уште неколку пати навечер. Ако ми пропуштаат пак секако ќе ги сменам. Немам ни појма кои пелени да ги земам за бебе од скоро 10кг.
Фала мајки. Значи дефинитивно е до бројката. Се мислев за Виолета. Како се со калап? Потесни или пошироки?
Виолета се одлични, ги користам со месеци..во однос на бејбилав не знам, ама се поголеми од Слипи, Бекутан и Био Биа за 5ките ова
И јас сум баш зачудена, ем пропуштаат 5+ ем мирисаат многу чудно (последните 2 пакети што ги купив). Дефинитивно ќе ги сменам и јас.
Виолета прв пат пробав летово на 2,5 години тоа и ептен ме бендисаа. Инаку и Пафис се одлични. Ретко се случило да пропуштат. Ноќе скоро никогаш.
Babylove дефинитивно не се тоа што некогаш беа. Дури и потесни ми изгледаат. За првото дете најдобри ми беа Виолета и Канбебе. Сега за бебево сакам да ги пробам и Молфикс. Ако користи некоја нека пише. За членката што праша за Виолета, поширок калап се. Пример Слипи се теснички. Овие многу поширочки и поудобни.
Леле исто искуство имаме и ние баш пред некое време пишував овде. До 5ката беа супер, 5ката почна да пропушта навечер и викам ајде ќе им дадам уште една шанса и ќе земам 5+ и 6 ќе пробам. 5+ исто пропуштат, 6 ги гледам многу се големи и ги немам пробано. И јас ќе ги менувам па бев на мисла исто за Виолета па овие од бејбилав ќе си ги искористам за преку ден. Баш пиши искуство со Виолета за бројчето, моја беба е 8.5 кг
Не е за цел број. Сите бројки на Слипи се тесни. И бејбилав се тесно калапче, ама има како ластиче позади, слипи не можеш убаво да го залепиш ако му е тесно во ширина кое и да е бројчето. а бејбилино убави ли се ?
Тргнав да ти пишам за Виолета ама господинов мој синоќа исцоца 190мл млеко во 1 и после 5 мин ми се искака хахахах. И морав да сменам пелена. Вечер ќе ставам пак од Виолета за да видам како ќе држи до сабајле(12ч) па ќе ти кажам.
Виолета се одлични, никогаш не ни пропуштиле, само имаат една маана а тоа е ластичето кое премногу стега, барем на моево бебе и прават линии на бутчињата (има буцкасти копани ). Пробувавме и поголем број ама џабе, јак е ластикот.