За влажни марамчиња од старт користам хип сензитив сините, мене babylove ми беа тенкички кога беше малечка ми пропуштаа, само pampers premium
Многу се добри тие влажни марамици, ама па и доста поскапи од останатите. Ги земам наизменично некогаш тие, ама почесто овие од Хип. https://zegin.com.mk/mk/hipp-softpure-vlazhni-maramchina-3kh48-maramchina
Кога беше новороденче презадоволна бев од babylove. Ама кога стигнавме со бр. 5 и 5+ почнаа многу да пропуштат па ги сменив. Но, сега за новороденче ти ги препорачувам, мене ми беа погодени многу. За waterwipes не знам, ете погоре ги пофали членката. Јас на виолета 99% вода сум од старт и сум презадоволна.
бејби лав 1 мислам се околу 300денари. Ние почнавме со нив но ни пропуштаа, се префрливме на памперс. После пак дадовме втора шанса на бејби лав пак исто. Мене ми остана 21пелена бејби лав број 1 ако случајно се одлучиш за нив и ти одговараат ако сакаш може да ти ги дадам ако си во близина на к вода а влажните имав подарок 10паковање не примерив нешто разлик со останатите. Ние користиме тупфери и ги мокриме со вода од дм ги зимаме. Влажните ептен кога има гомц а плус сум сама или ако сакам да дочистам ама 99%од времето тупфер со вода натопен. Јас потрошив и бекутан бело паковање мало влжни, на бебево му одг и тие
Штета за Babylove, стварно ги расипале, за син ми користев од 4ка негде и беа баш супер, убави дезени, не мирисаа, издржуваа цела ноќ. Сега пак ги пробав за ќерка ми и немаше пелена преку ден да не пропушти. Активна е многу ама и син ми беше бетер ко бебе, така да не мислам дека е до тоа. Пробав и Виолета и Бамбо, иста приказна. Се вративме пак на Памперс премиум и покрај тоа што ми мирисаат и не можам да спијам првите два три дена откако ќе наредам ново паковање на наткасна, ама тоа е, ме мрзи да мењам чаршафи во ниедно време .
Од раѓање ги користам water wipes и сум презадоволна. Има разлика, но ако не ти одговараат на буџет земи си само за почеток. Јас со еден пакет од 12пакувања додека не јадеше храна поминував околу 3 месеци.
Од старт користевме Hipp сините, мислам најнежни и најдобар состав имаат. После неколку месеци сменивме на Pampers sensitive белите зошто ми требаа малку поголемки да бидат самите марамици. Презадоволна сум и од нив, само имај на ум дека немаат мирис ни едните ни другите зошто нема парфеми (и др хемикалии).
Јас користам памперс премиум и беа супер се додека не зедов 4ка. Приметив дека немаат ластик напред и најверојатно ради тоа пропуштија. Се вратив на 3ка се уште му се точни, но сега не знам за поголем број какви да земам. Виолета имаат ластик и напред и назад?
Да не имаш земено некое постаро пакување, на 5ка сме сите до сега биле исти освен еднаш од маркет што земав некое постаро пакување и беше друг дизајн на пелената. По бебето на амбалажата ги распознавам јас, новата 4ка е сo џинџер бебето.
Да, со цинџер бебето е. Прво се чудев зошто ми пропушта, досега по цела ноќ сум немала мака и потоа кога ги споредив видов за ластикот. 5ката имаат ластик како 3ката?
На што мирисаат премиум? Мене на ништо не ми мирисаа, сега од 3ка има актив бејби земав, тие имаат некој мирис како на пудра бебешка..
Мислев на позади на џебот мислиш, не немаат ластик напред, јас се префрлив на премиум пантс од 5ката. Ама не би требало од тоа да ти пропуштаат.
Во различни пакувања се пелени со ластик и пелени без ластик? Како да одберам со ластик? Сите 3ки досега купени ни се без ластик.
Изгледа му се големи, од 10 кила се, а тој има 8.500 некаде. Не не, овие со ластик напред се 3ка pampers premium care, а без ластик напред се истите ама 4ка
На некоја хемија, не знам може и јас имам преосетлив нос, ама многу мирисаат. Ако стојат во пакување можда не, ама јас ги редам во организер и кога и да ги наредам, многу мириса цела соба . После исчезнува мирисот, ама првите два три дена не можам да спијам, еднаш му реков на мм да ги изнесе од спална. Купени и од аптека и од Грција и од различни продавници, пак ми мирисаат. Иначе врв од пелена, преку 12 саати некад не мрда.
И мене многу ми мирисаат Памперсот. Ние сме уште на Бејбилов 4+, уште и се точни. Земав 5ка чисто да ја видам, многу се поголеми па засега ќе тераме со 4+ додека може, после ќе видам. И виолета купив пред некое време и тие ми мирисаа. Единствено сега останав кај моите без пелени па рандом начекав на некој попуст Памперс Хармони тие не ми мирисаа толку многу. И за мекици ми имаа донесено Кан Бебе и тие ми беа океј.
Кај наоѓаш премиум пантс? Јас само актив бејби пантс имам видено.. Сакам и јас да се свитчнам откако ќе ги дотрошам залихите
А што е разликата со пентс? Како гакички моделче гледам се, полесни се за облакање? пошто мојава е како каскадер кога ја облакам се бориме 5ка користам памперс премиум, не мрдаат и по 12саати не ги мењам за ниедни
Од Бугарија земам најчесто, нема кај нас нигде не знам зошто, а ги носеле порано. Порачувам по шофери на камиони што знам неколку и ние кога одиме земам повеќе. Во Србија во Лили ги има сигурно и на други места.
Пентс јас почнав да земам кога не сакаше да лежи за менување пелена. Околу 8 9 месеци ваљда не памтам. Кога ќе почнат да се исправаат и лазат, оди смени пелена лежечки. Нема шанса. Вака тоа си стои ти само му ја натегнуваш и си продолжува со акција.