Како новороденче користевме Слипи. До кај 2 месеци веќе се регулира какањето ноќе и сме немале проблем и без менување. Потоа преминавме и на други Пафис, Памперс, Бејбилино, повремено пак Слипи. Со ниедни сме немале мака со пропуштање. Ептен ретко тоа. Може еднаш на месец или два ако се случувало.
Дали некој друг тука по форумов користи Молфикс и како сте задоволни? Ние од прв ден ги користиме и до сега се е ОК, а економични се.
Купив бејбилов 3ка 92 парчиња, имав и мало пакување 3ка за проба . Единечното го отворив и на моево не и одговараат. Не знам каде ми е фискалната за да ги сменам па ако користи некоја мајка и сака Бејби лов 3ка пелени тие во кутија што се ќе ги дадам за 500 денари.
Јас сеуште не сум пробала ама сестра ми ми донесе цела кутија пелени што и се мали и исто немаше фискална за да ги смени, ама прашала во дм и кажале дека не би требало да ја проблем да се сменат и без фискална затоа што се нивен производ, така да сакаш пробај, ако не се отворени секако ама така те сфатив
Јас некни зедов бејбилав 4 да пробам оти и не носев со мене доволно пари па ај реков да видам, пелените катастрофа, првата ноќ малку прокисна, втората вечер пелената се наполна тинтак, една смрдеа не мом да ви кажам каква, никаква впивливост, за разлика памперсот ќе се наполни цела ама не е толку водена, и газето суво а со овие ужас. За денски се океј ама за навечер пошто не менуваме пелени се катастрофа.
И јас земав бејбилав за преку ден пак, не се лоши, за навечер памперс премиум. Ми се свиѓа што бејбилав се покомотни, памперсот актив бејби го стегаа на бутките моево гуденце. А сега и Виолета имаа добра цена во Зегин, и нив ќе ги пробам. За преку ден дај шта даш, за навечер Премиум, една пелена 20 денари е, што е многу многу е.
Моментално Виолета користам преку ден и супер ни се. Ги зедов од Зегин дека беа на попуст со мало паковање влажни марамици внатре. Исто и Бејбилино кога се на попуст знам да ги земам за преку ден. Добри ни се и тие. За навечер исто Памперс Премиум ставам.
Јас се зафркнав со бејбилов, не знам дали од пелената или што ја имаат избришано со влажни додека не сум дома , ама дете се исфрли доле , жива се изедов.
Знам, ги имам земено, 3ка беа 90 пелени 1000 денари ама земам и други за проба сега, 4ка почнавме веќе. И актив кога користев премиум за навечер ми беа, не ги менувам нив.
Дефинитивно Babylove 0 за новороденче. Бр.1 се големи и пречат на пупачето. Земи и 0 и 1, ама за почеток најдобри се 0. Ние само тие ги користевме првите недели за бебе родено 3½кг.
Хахахах иста борба имаме и ние, јас не знам какви се не гимнастики изведуваме ама пелена да ставиме станува невозможно И јас гласам за Pampers Premium преку ноќ, нема конкуренција.
Сум сменила еден тон брендови на пелени, буквално нема што не пробавме и после 13 месеци, најзадоволна сум од babylove за преку ден и Pampers Premium за навечер, значи капка не пропуштаат.