И ние така почнавме со babylove и дење и ноќе на почеток, детето у сред ноќ утоп, се буди плаче, све водена. Сменивме за ноќе Pampers Premium, сите сме раат, таа сабајле сува. Babylove за преку ден. Ако излагаме надвор и знам дека немам кај да сменам некое време, ставам пак Памперс или Актив или Премиум.
Јас и за денски нема да ги користам бејбилав, оти разликата во цената со памперс актив е мн мала, некои 200 денари на големи пакување. 4 дена од бејбилав бевме утоп навечер, ама онака со се чаршафи утоп, ајде една вечер ама 4 вечери со ред ??? Ужас Инаку мене памперс премиум не ми се погодија кога ги користев, тие беа први пелени кои ги купив и проксинати бевме секоја вечер, дали бројчето не одговараше, или некои фалшиви беа, од ананас на попуст ги зедов
Јас сум презадоволна од Памперс актив за навечер. Премногу мочан станува, значи премногу. Цела пелена подуена од сите страни, преполнета, ама никогаш не пропуштила, внатре е како геласта, а бебе е суво. Тоа ми е најважно. За преку ден буквално користам што најдам на акција слипи, бекутан, виолета, био биа, после 100 год земав пјур од жито. Сите супер држат и какани и мочани бидејќи менувам на 2ч..мојов цел ден јаде, грицка, цица, пие вода и цело време пелените полни претходно истиве и навечер ги ставав и немавме никаков проблем.. ама како потпорасна моча екстремно многу и само памперс се погодија.. Да прашам, гледам 1+1 на зегин има Виолета премиум 5ки.. какви се? Има користено некој? Слични се со обичните?
4+ да не ви треба? Обично ако е мала пелената, знае да пропушти. Една година скоро сме со Бејбилов, нема пропуштено . А од сабајле за машала е полна.
4+ користам, не само што пропушташе туку и влажна беше, за разлика памперсот ко ќе е полн сува е внатре. Лабави се во ластикот бејбилав, тука го гледам проблемот, можеби се покомфортни ама за бебе ко е многу активно ме одговараат, ја изместува изг пелената и утоп.
Имаш и како гаќички baby love 5,иначе ми стигнаа пелените и ставив ќе видиме како ќе биде ќе пишам ..внатре има и влажни марамчиња 99% вода .
Да пробаш да ги стегнеш убаво или штом сте 4+, евентуално 5 ка. Сестро, ако најдеш побесно, поактивно и дете што секунда незнае да седне од моево, те частам кафана.
Кога пропушта пелена така драстичо до бројката е 100% ја така меѓу 1 и 3 памперс премиум, нова мајка прв пат, затерав единица а бебето ми расте почна да пропушта и викам леле овие памперс катастрофа додека не ми текна брпјчето дека отишло на 3ка а не 2ка ( ја по кг се водев) а нема благе везе тоа на пакувањето да знаете јас памперс премиум не ги мењам за ниедни. Само виолета и бејби лав имам пробано имав некои од мекици и гратис, виолета ич не ми се свиѓаа некако беа крути за разлика од памперс а бејбилов помалку ми издржуваа навечер некако ама малечка беше тогаш и какаше и мочкаше сега не сум променила си стојам на памперс
Памучни се слични на baby love, моделот е малце потесен од baby love.Еве ноќеска ставив супер е впива нема реакција алергиска бебето и топ е за сега.Сакав да се надоврзам на другите коментари истата функција различни цени..секој нека си користи што му одговара ...како што мисли дека е најдобро за своето бебе.Јас немам ништо против..ниту пак ме интересира да се објаснувам и убедувам мое мислење си давам за пелениве затоа што сакав да ги пробам и нарачав онлајн.Убав ден на сите
Не верувам да е до бројчето, голема е пелената, едноставно после малку мочка пелената изгледа тинтак полна и влажна а памперсот денски исто како да не се помочало бебе, за навечер да не прајме муабет, не дека не ми прокиснал и од памперс, еве некни малку пушти ама мн малку. Во 18:30 ставаме пелена, навечер не менувам, а наутро во 6 дури се будиме, мн часа се и мн мочка малиот дека цела вечер цица, бејбилав нема шанса да издржи толку часа, не е таква пелената нема гелови како памперсот. А и кога ќе се подумам изг ќе треба барем еднаш да менувам во текот на ноќта, можи па и затоа се буди често навечер мочкото мој
Predlozete peleni za vo voda za na odmor? od koi ste zadovolni sto vi izdrzale za bebeto bez da se raspadnat ,posto procitav prethodno nesto za nekoi pampersi deka bile katastrofa.