Актив се добри за цело време, со првото дете ги користев од прв ден само нив, сега со ова шарам. А премиум се многу поскапи, само за навечер не доаѓа толку, актив не се толку разлика со останатите пелени.
Која цена се babylove и колку парчиња се во пакување? Ако можеш пушти слика да видам како изгледаат. Pampers ми дава дека во Зегин се најефтини моментално па чисто да споредам. На Ананас па се уште поефтини, само да не ги чекам многу не знам за колку време ќе ги достават, нека пише некој што купувал. @Veki4kaa ти мислам имаше зимано од Ананас.
Сега е на 5+ и од тоа нема пакет, туку единечно пакување. 400 ден, 34 пелени се. На она паразрлук.мк направи си спиредба на цени. Ќе ти даде каде се најефтини.
За производи со жолтата ознака а брзо (како на сликава) никогаш немам чекано повеќе од 2 дена. Обично следниот ден по направена нарачка ми стигаат.
За 1-3 дена стигаат, некогаш и одма утредента. Јас секогаш купувам од Ананас , често има код ПЕЛЕНИ500 што значи -500денари од суматс за пакетите 4+1 и многу се исплати.
Нема врска толку килажа колку конструкцијата на телцето (меше, бутки) ама секако мислам 6ка ќе ви се преголеми. Ќерка ми е 11.5 месеци и 10.5 кила па уште носи 5ка
5 мислам. Мојов е толку отприлика и е буце со дебели бутки, 5 му се таман. Со првото дете додека носеше пелени 6ка не користевме ич, слабичок беше тој.
Мн ти е големо 6ка. Мојава е 20 месеци и носи 5ка со 12кг. А на 7м беше 9кг, носеше 4.. мислам за брзо и на 5ка да отидовме тогаш и еве 5ка со месеци носи
Ај пак да пробам, не добив одговор. Дали е нормално да пропуштаат пелените, какото скоро секогаш е потечно и протекува на грбот. Користиме 2ка, 5кг е. Гледам да ја затегнам убаво на поставување ама очигледно пак има луфта. Дали е големо бројчето или не ги поставуваме добро? Пробавме и со други пелени ист број, исто протекоа.
Пробај повисоко ставај ја кај грбот. Напред кога има позади кака, каква е пелена? Почиста? Се е само назад или низ цела пелена од крај до крај? Памперс сте пробале? Тие имаат како џепче..
Памперс премиум користиме од прв ден, презадоволна. Нит ми замирисале лошо, нит пропуштиле. Се десило кака, ама тоа два пари дали во 16,5 месеци.
Мислам дека е до пелените. Памперс премиум и актив никогаш не пропуштиле, имаат горе ластиче и се прилагодуваат горе. Последно земав canbebe, не знам што ми текна, неколку пати пропуштија кака, разликата е во тоа што горе не се како памперс и некако се лабави па пропуштаат каката да оди нагоре, што досега со памперс не се случило.
Па повеќе е накај грбот ама често и рамномерно. Бекутан пробавме од Систина што ни го дадоа исто беше. Имам залихи земено инаку ќе екпериментирав досега. Ама дефинитивно менувам сега. Мислев бејби лов да пробам ама ќе земам и памперс. Фала женски
Ние сме некако измеѓу број, 12,5 кг сме. 5ка памперс и е кнап, а 6ка малку голема и треба ептен да ја стегнам, али од страна и е малку лабава и све мислам кје и пропушти.
Мојата е 4,6кг носи 2ка преку ден од babуlove сега почнавме навечер 3ка ама од babylove 3 некако многу ми се тенки па и земав памперс, за сега се супер