Виолета корисатам од старт има пакувања каде што има индикатори има каде што нема. Примети на пакувањето до бебето/дете дали се осо облаче или без. Во тие со облаче нема индикатори. Некако 5 кава и е мала и остава засеци на бутките а пак 6 ка е голема. Со кои да ги сменам ?
Натур не се белеени, премиум не сум ги користела, а обичните во картонска кутија се класични бели пелени.
Natural се повеќе памучни и подебели се,другите се потенки и ја има средната линија што се обојува кога детето мочкало.Искрено Natural не ми се допаднаа многу дека се подебели.Од сам старт сме на бабу лове и сеуште користам задоволна сум.
Памукот не е поминуван низ процеси на белеење (да биде бела цела пелена), со што се избегнати доста хемикалии. Пелената е некоја кремкава боја. Ние ги користиме веќе година ипол. Во сите други ми се спуруваше.
Навидум памперсиве немаат некоја голема разлика но сепак се многу различни.. купени се од иста аптека на Зегин во рок од неколку денови.. Горната слика ги препорачувам и сум презадоволна, такви користиме од раѓање, долните не сум задоволна баш.. премногу се широки и различен е ластикот.
Ние сме 5ка и секој месец одма по две кутии вакво купувам наеднаш, исто од Зегин, до сега не ни се паднале долниве, се горните се.
И ние ги користиме горниве од раѓање и супер ни се. Долниве не ми се паднале досега, нови се? Ги смениле скроз или? Направив скриншот да му кажам баш на мм да не купува од долните
@Marijanche33 @Feniksgirl Да затоа и баш објавив овде.. на онлајн страната на Зегин има слика од горната кутија. Мене не ми се допадна што ластикот е многу лабав и горе се поразлични. Во овие неколку дена се нема случено да пропуштат изгледа се исти како и другите.( со нив до сега никогаш нема пропуштено) Но сепак се различни
Вчера баш купив ново пакетче 6ка користеме (единечни се само, нема кутија). До пред вчера, цело време беа како горните. Новово се како долната слика. Најверојатно сменет е дизајнот кај сите броеви. Мене овие два дена што ги користи океј ми се, немаше разлика.
моево има 9кг и баш е буцко и уште сме на 3ка зошто гледам до 10кг дека еда менувам 4ка планирам од следно
Абе истово сакав да пишам вчера мм ми земал од еурофарм 5ка а цело време купувам од зегин па дизајнот и моделот некако скроз различни
Вака на лик како обичните памперс повеќе наликуваат... внатре различни се од претходните? Јас долго останав на Виолета, презадоволна сум и од обичната и од Премиум. Мекани, внатре поразлични од сите други се, не ни пропуштаат.
Па како поширочко е моделчето внатре си се памук исто не гледам деуга разлика. Јас па виолета што пробав на мекици ми имаа донесено 2ка премногу крути ми беа и ја дадов цела кеса на другарка она ги користи нив. Јас останав на памперс премиум еве скоро 11месеци и не мењам колку сака нека се пари некако мирна ми е главата не пропуштаат не мирисаат меки памучни газе и дуде стакло
Леле нее, ич не се крути.. меки, цели памучни се, внатре мекани... баш ќе ги сликнам после. Некои стари да не биле тие. Дури после Памперс премиум би ги ставила со квалитетот. Само тие ми се прескапи (5ка користиме), навечер не мочка мојава од мало бебе (со сува пелена станува) и не ми треба нешто што повеќе упива. Знам Памперсов го зимаат многу и за навечер само..
Штознам така се погоди 2ка беа ми текнува мало бебе месец ипол/два дали беше како хартија беа. Памперс премиум за мене е врвот не мењам моча не моча тие се baby love додека беше помала пробав … ми пропуштаа кака нагоре и тенкички ептен
Да, памперс премиум се најдобри и од скоро пробавме Baby lino 4ка и многу позитивно сум изненадена, супер се
Истото мислење го имам и јас, еднаш земав 1 или 2ка не се сеќавам ама знам дека беше мало бројче и ич не ми се допаднаа. @mariz дали 5ка се исти со малите бројчиња или поголемите можеби се подобри? (Извини, можеби глупаво звучи меѓутоа искуството со Babylove покажа дека за почеток се најдобри ама после 4ка веќе не, па можеби и кај Виолета се разликуваат во квалитет)
Бејби таман ви се 5ка? Ние уште 4ка користиме, бебе има близу 10 кила, наредно се мислев 5ка да земам