Мојава пред еден месец имаше 8.200 ич не е слаба вака ама не напредува по книга со килажава баш пишував по други теми. 5ка носи од 6ипол месеци, 11 ќе прави на некој ден
Лелеее не сум приметила дека на ист ден сме породени твојот е буцкооо над 10кг обавезно веќе е за 5ка мењај да му биде покомотно
Зависи и конструкција... мојава е сеуште со 5ка, 21м има и 12ипол кг. @Ahava поим неам. Мислам дека има врска од кај се, како да сум приметила разлика купени од Жито и купени од Зегин (Зегин поубави се). Мене ми се преубави Виолетава, 5ка носи. И Виолета премиум и обичните, мн убави. Купувам чат-пат и други, ама на нив се задржувам и постојано ги купувам. Внатре ми се убави, меки, баш памук се, поразлични од други пелени. На сликава лево се Лино, средина Виолета, десно Памперс.
Ние сменивме на Babylino (а испробавме скоро секој бренд) и сме препрепрезадоволни. Се изненадивме колку се добри. Навечер не пропуштаат ич, а за преку ден се супер комотни.
Ееее гледаш како убаво си пораснал дечкото моево маченце тука е негде докај 8.5кг не е повеќе а си јаде три оброка плус цица еднаш/два пати дневно и навечер колку пати стане ама такво и е организамчето кака по 2-3 пати дневно
досега бејбилав не ни пропуштаа освен ако не беше убаво наместена пелената но забележувам веќе неколку пати пропушта навечер земав 6ка за проба да видам како ќе биде а може и предлог да ми дадете за други пелени ми требаат само за ноќно спиење
Знае ли некој каде можам да најдам Бекутан пелени 5ка? Зегин немаат од ниедна бројка..не знам што се случува,ми рекоа дека ќе ги повлекувале. Најпогодени се,не сакам да менувам..
Тие што користат Памперс Премиум, на Ананас се пак на акција плус има код за минус 500 денари. Околу 3800 доаѓа за 5 кутииџ Јас веќе година дена од таму нарачувам, некако најисплатливи ми се..
Почнавме со Виолета, па се префрливме на Памперс, некако дебели ми беа Виолета. Сега како сменивме на 3ка почнавме Бејбилав да земаме и сосема ми се океј, ептен се тенки а до сега не ни пропуштиле.
Леле мојата во бејбилав 3ките секој ден лом се прави, ама имам уште 10тина да ги дотрошам барем за преку ден и ќе барам некои други да пробаме. Навечер ставам Памперс
Здраво мајки, како сте задоволни од Памперс active baby 3ка и Памперс new baby dry 2ка. Досега сме со Памперс премиум ама гледам поголеми пакувања од другиве а со тоа и поекономични па се мислиме да смениме или евентуално да комбинираме.
Се шушка дека Зегин е скаран со Алкалоид и ништо веќе не зимаат од нив, се е до трошење на залиха па дури и лекови
Не знам што е тоа new baby dry, ама од актив бејби јас сум задоволна. За првото дете исклучиво такви користев. За ова шарам најчесто со бејбилав, ама сосема ок си се актив бејби. И не се ултра скапи како премиум. Пробав и виолета пример, мене актив бејби ми се поубави. Од аптека ми се прв избор.
Некаде прочитав дека бејби лино се подебели,не се за топло време,а тие ги користам од почетокот и баш ми се погодени. Дали некој знае,со кои можам да ги сменам,за потенки,ама да бидат исто добри ?
Леле и јас ќе морам да ги сменам а најзадоволна сум и за дење и за ноќе...Точно е дека се подебели, еве откако затопли времево нон стоп само црвенило има ќерка ми, а потенки ми се чинат само Бејбилов, ама ако има некој друг предлог, дефинитивно ќе пробаме...